Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство: Здравствен дом не доставил документи за нови вработувања

0
By Менче Атанасова Точи on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека Министерството за здравство и Здравствениот дом се натегаат околу новите вработувања, половина инсулински аптеки ќе работат само во одредени денови во неделата бидејќи немаат фармацевти

Во Министерството за здравство за НОВА велат дека се запознаени со проблемот на недостиг на фармацевти поради што не можат нормално да функционираат инсулинските аптеки во летниот период. Но, вината ја фрлаат на директорот на Здравствениот дом Скопје за кој велат дека се уште ја немал испратено целосната документација за завршување на постапката за вработување на 100 лица, меѓу кои и двајца фарамацевти и уште толку фамацевтски техничари за потребите на инсулинските аптеки.

„Вработувањата би се реализирале откако директорот на Здравствен дом Скопје ќе ја поднесе комплетно документацијата за вработување. Запознаени сме со моменталната ситуација на недостаток на кадар за нормално функционирање на инсулинските аптеки во летниот период. Менаџерот на здравствената установа работи на покривање на смени, а Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар како најголеми аптеки, работат секој ден. Грижата за здравјето на пациентите е најважна и нема да дозволиме ниеден пациент да остане без потребниот инсулин. Во моментов работиме и на надминување на проблемот на недостаток на кадар“, велат за НОВА од Министерството за здравство

Како што веќе објави НОВА дел од инсулинските аптеки во Скопје во текот на летните месеци ќе работат само во одредени денови во неделата поради што пациентите мора да патуваат во друга населба за да земат инсулин.

Инсулинската аптека во скопската населба Драчево ќе дели инсулин само во еден ден од неделата. Оваа аптека опслужува околу 3000 пациенти од оваа и од соседните населени места кои сега ќе мора да одат во поликлиниката Јане Сандански во населбата Аеродром за да земат инсулин.

Аптеките во населбите Чаир и Ѓорче Петров, пак нема да работат по еден ден во неделата.  Тоа за дијабетичарите е проблем бидејќи голем дел од старите луѓе не можат да се движат, а постои опасност инсулинот да изгуби во квалитет ако се носи по горештините. Директорот Злате Мехмедовиќ изјави дека испратил барање до ресорното минитстертво за 100 нови вработувања.

„Поради недостиг на кадар некои пунктови  ќе работат само во одредени денови, додека во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар ќе работат секој ден, односно пет дена во неделата. За да можат инсулинските аптеки да функционираат нормално потребни се уште двајца фармацевти и двајца фармацевтски техничари. Ние уште во март упативме барање во Министерството за здравство не само за ова, туку за вработување на 100 луѓе од разни профили што преставува еден минимум за да можеме да функционираме. Но, одговор се уште нема“, изјави за НОВА, Мехмедовиќ.

др. Злате Мехмедовиќ директор на Здравствен дом- Скопје

Во ресорното министерство потврдија дека во месец март, директорот на Здравствен дом Скопје поднел барање за вработување на 100 лица во институцијата.  Но, од таму посочуваат дека постапката за добивање на согласност предвидува изготвување на финансиски табели и изјава од директорот за потребни финансиски средства за обезбедување на плати на нови вработувања.

„Стручните служби го известија директортот за тоа. До овој момент, Министерството за здравство ја нема добиено потребната целосна документација за завршување на постапката за давање на согласнот. Од тие причини до овој момент не е реализирана бараната согласност за вработување на 100 лица. Вработувањата би се реализирале откако директорот на Здравствен дом Скопје ќе ја поднесе комплетно документацијата за вработувања“, велат од Министертвото за здравство.

Покрај недостиг на фармацевти кој веќе се одрази во работењето на инсулинските аптеки во Здравствен дом има недостиг од кадар во Итната медицинска помош, во Домашна посета, во Комисиите за боледување, кај екипите за вакцинација и во многу други сегменти од работењето оваа здравствена установа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.