Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството испратило социјална инспекција во Домот „25 мај“

0
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две малолетни девојчиња, штитенички на Домот за деца со социјално-воспитни проблеми „25 Мај“ од Скопје забремениле, а едното било подложено на прекин на бременоста, потврдуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Но сепак овие случаи не се поврзуваат со оној на 13 годишната штитеничка на истиот дом, која била сексуално злоставувана, бидејќи, како што велат од Министерството, овие две девојчиња – едната 15-годишна, а другата 17-годишна забремениле по стапување во полови односи со други штитеници од домот.

-Овие две бремености се сосем различни од случајот со 13-годишното девојче, бидејќи не станува збор за силување или злоупотреба. Сепак денес социјална инспекција ја проверува работата на овие две установи, и секој случај одделно ќе се испитува, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Едното девојче, 15-годишното, не сакало да ја задржи бременоста и во согласност со мајката и старателот од Центарот за социјални работи, направен му е абортус, велат од Министерството за труд и социјална политика. Второто девојче одлучило да го задржи бебето.

– Ова девојче одлучило да не ја прекинува бременоста и во моментот е кај нејзиниот татко, кој се согласил да води грижа за неа и за бебето. И таа кажала дека не станува збор за силување или злоставување, но не сакала да каже со кого забременила“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Алармот за случувањата во домот „25 Мај“ се крена минатата недела кога невладината организација Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) соопшти дека 13-годишна штитеничка на домот била подложена на абортус откако забременила по сексуално злоставување.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека се сомнева дека станува збор за сексуална експлоатација на малолетничката и побара Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да го расчистат случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека против едно лице веќе поднеле кривична пријава за полов напад врз дете, кое признало дека имало сексуални односи со 13 годишното девојче лани во ноември, кога во бессознание била однесена во општата болница во Велес.

Вчера даде оставка директорот на домот „25 Мај“ Стевчо Соколовски. Министерството за труд и социјална политика денеска испратило социјална инспекција во домот 225 мај“ и во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи-Скопје.

„25 Мај“ Бременост девојчиња инспекција МТСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.