Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството истражува злоупотреби со хонорарите на Детска хирургија

0
By Менче Атанасова Точи on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство ги истражува индициите дека постоеле злоупотреби со исплатата на хонорарите на Клиниката за детска хирургија во Скопје. Во наредниот период, Министерството ќе утврди кој и врз основа на што, на лицата ангажирани со договор на дело, им исплаќал суми многу поголеми од предвидените.

„Имајќи го ова во предвид, потенцираме дека не станува збор за намалување на примањата на хонорарците, ангажирани на Клиниката, туку за враќање на износите во рамки на постојната систематизација“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

НОВА дознава дека на почетокот на наредната недела на Клиниката ќе има ревизија од ФЗОМ, како и државна ревизија. Тие треба да утврдат како се трошеле парите од буџетот, што се правело со хонорарите на 25 лица ангажирани преку договор на дело, зошто биле многу повисоки од систематизацијата.

Минатата недела од оставка си даде и новоназначениот директор Лазар Тодоровиќ, но министерот Филипче не ја прифати неговата оставка. Тој ги намали хонорарите на овие лица, по што се крена голема прашина во јавноста.

„Оставката ја дадов само поради неразбирање од медицинскиот тим на Клиниката, не заради намалување на хонорарите“, изјави за НОВА, Тодоровиќ.

Неофицијално, на детска хирургија има многу контраверзии околу работењето на претходниот директор и како се трошеле парите од буџетот на клиниката. Тодоровиќ нагласи дека не знае за такво нешто, но за да биде начисто што се случувало ќе чека да утврдат ревизорите.

Од Министерството за здравство потенцираат дека останува на ветувањето од Програмата на Владата на Република Македонија за покачување на платите на сите здравствени работници, за 5 проценти, во втората половина од оваа година.

Дополнително, во првата половина на годинава ќе се зголеми сумата, која докторите и медицинските сестри ќе ја добиваат за дежурствата. На пример, минатата година еден интернист за дежурање во работен ден добивал по 1.340 денари, а годинава овој износ ќе се зголеми и ќе изнесува од 2.500 до 3.000 денари. Додека за дежурство на празник, или во тек на викенд, сумата од 2.980 ќе порасне на 4 илјади денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.