-Во насока на утврдување на фактите, беа побарани информации од Државниот инспекторат за животна средина за извршените контроли над работењето на депонијата. Притоа, Државниот инспекторат за животна средина во одговорот до надлежниот јавен обвинител наведува дека депонијата ДРИСЛА постапува согласно Спогодбата постигната во Министерството за животна средина и просторно планирање, а извршените мерења во кругот на депонијата за квалитетот на амбиентниот воздух покажале дека резултатите од мерењето се во дозволените граници според европското и националното законодавство.
Сепак, и покрај ваквиот одговор, надлежниот јавен обвинител продолжува со проверките во насока на утврдување на фактите во предметот, се вели во соопштението од ОЈО.