Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за здравство глуво на барањата на семејството Трпевски

0
By Менче Атанасова Точи on October 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема одговор од Министерството за здравство дали ќе го испитаат случајот на 25 годишниот Влатко Трпевски кој починал на 17 август, само неколку часа откако бил примен во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

Неговите родители уште пред месец и половина поднеле барање до Министерство, да се испита дали има пропусти во лекувањето и да им се одговори, од што починал нивниот син. НОВА веќе три дена се обидува да дознае дали министерот Тодоров, кој во многу прилики тврди дека е на страната на пациентите, ќе формира комисија за да го испита случајот.

Семејството Трпевски тврди, дека смртта на нивниот син е обвиткана во мистерија, со многу нејаснотии. Тие сакаат да знаат што се случувало од моментот кога бил задржан на лекување, за време на операцијата на која што починал, потоа зошто се криеле резултатите од патологија. За нив е нејасно, зошто отпусната листа ја добиле дури по два месеци, но и од кои причини не е направена обдукција веднаш, која во вакви случаи е задолжителна со закон.

-Сакам да знам од што почина мојот син, дали е лекарска грешка, пропуст во лекувањето, имам овде во документите многу невистини, се ова ми отвара сомнеж, рече во изјава за НОВА Марија Трпевска мајка на починатиот Влатко.

Родителите велат дека лекарот кој го оперирал им кажал дека нивниот син искрварил за време на операцијата.

Директорката Јасминка Чабуковска не ја потврди оваа информација.

-Имам право на заштита на лични податоци и не мора да ви кажам од што почина пациентот. Доколку семејството смета дека нешто не им се допаѓа , не им се ускратени правните механизми, постои суд, може да побараат правна разрешница и нема потреба овој случај медиумски да се покрива, изјави видно вознемирена и со висок тон Чабуковска.

Таа негира дека дури по две месеца им е дадена отпусната листа.

НОВА од лекарски извори во болницата дознава дека Трпевски имал анеуризма на абдоменалната аорта, на која лекарот, васкуларниот хирург проценил дека треба да стави протеза. За време на операцијата при ставање на бајпас, се покажала особена осетливост на крвните садови и пациентот искрварил и починал.

Но, она што деновиве се зборува во лекарските кругови е дали ваква комплицирана и ризична операција треба да се врши за време на дежурство, во недела, без комплетна екипа на васкуларни хирурзи.

Нашите извори, велат дека должност на хирургот кој бил дежурен, како шеф на екипа била да ја организира работата и да повика стручно лице, што тој очигледно го сторил. Но, прашање е, велат нашите извори дали васкуларниот хирург бил доволно искусен за ваква интервенција и зошто не биле повикани двајца постари и искусни лекари од оваа област кои оперираат во болницата.

-Телото обично се чува во болницата два часа по смртта, а потоа се праќа во капела или на обдукција. Но, во ваков случај недозволиво и незаконски е што телото не било пратено на обдукција, велат лекарски извори од болницата за НОВА.

Ова вчера за НОВА го потврдија и на Институтот за судска медицина, каде објаснија дека во вакви случаи не се прашува семејството бидејќи судско медицинската обдукција е задолжителна. Според процедурата болницата била должна да го извести јавниот обвинител или дневниот оперативен центар во МВР, во спротивно тоа е прикривање на кривично дело, изјави за Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина.

-Не ми е познат случајот, но можам да кажам дека, кога смртта не е јасна и настапила во текот на терапевтска или дијагностичка интервенција, судско медицинска обдукција е задолжителна, дециден е професорот Дума.

Семејството Трпевски, се надеваат и веруваат дека министерот Тодоров ќе го испита случајот, а директорката Чабуковска која одбива да ги прими на разговор, конечно ќе објасни зошто телото било чувано цела ноќ и половина ден во болницата, се до моментот кога таткото потпишал да не се врши обдукација. Тој претходно цело претпладне го барал телото на синот на Судска медицина и Патологија мислејќи дека веќе е извршена аутопсијата, а починатиот син го пронашол во некоја кабина во Градска хируршка болница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.