Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерството за земјоделство: СДСМ се неинформирани

0
By Нова ТВ on October 22, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијалот настапи во делот на земјоделството на СДСМ продолжува со општа констатација за целосна неинформираност на „стручните и загрижени“ за земјоделството. Покрај тоа што ја измешаа производната земјоделска година со подготвувањето зимница денес покажаа непознавање на законските решенија кои токму нивните пратеници ги подржаа, регира Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ.

СДСМ:Владата троши пари за кампањи, а нема за да ги информира земјоделците

Ги прашуваме „стручните и загрижени“ во СДСМ со што го темелат барањето за  стопирање на продажбата на државното земјоделско земјиште?

Каде воопшто видоа дека Владата има намера без согласност на самите земјоделци да го даде на продажба државното земјоделско земјиште?

Дали „стручните и загрижени“ во СДСМ, покрај следењето на вестите на веб страната на Министерството, понекогаш читаат дневни весници, каде што во три, исто така беше објавен Јавниот повик за доставување на иницијативи за продажба на земјоделско земјоделско земјиште дадено под закуп?

Така неинформирани неуспешно се ставаат во ситуација на гласноговорници на партискиот центар за манипулации и извртување на факти за политиките во земјоделството.
Да биде лицемерието уште поголемо СДСМ или неговата ОО во Куманово застанува на страна на земјоделецот!

Со што „стручните и загрижени“ во СДСМ сметаат дека имаат право некого да заштитуваат, особено земјоделците, кога токму тие се факторот кој му нанесе најголемо зло на македонскиот земјоделец.

За разлика од тенденционалните манипулации од СДСМ, јавноста, особено земјоделците се добро информирани дека на донесувањето на Законот за продажба на земјоделското земјиште му претходеше широка јавна расправа за нацрт текстот на законот, и дека истиот до пред неговото донесување во детали беше разгледуван и усогласуван со претставниците на земјоделците во државата.

За доедукација на „стручните и загрижени“ во СДСМ само ќе напоменеме дека Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост уредува крајно транспарентна постапка за продажба на истото, со почитување на начелото на заштита на правната сигурност на закупците на земјоделско земјиште во државна сопственост. Имено во законот е јасно уредено дека продажба на земјоделско земјиште во државна соптвеност дадено во закуп може да се врши единствено по претходна согласност на закупецот или по негова писмена иницијатива за продажба.

Со тоа, злонамерни се изјавите дека некој земјоделец е присилен да си го откупи земјоделското земјиште кое го користи под закуп, туку напротив објавениот Јавен повик е во функција на анимирање на земјоделците дека таква можност им стои на располагање , а никако дека тоа е задолжителна обврска. Истовремено истакнуваме дека, имајќи ги во предвид интересите на земјоделците, законот предвидува можност за плаќање на 10 годишни рати на купопродажната цена за купеено земјоделско земјиште во државна сопственост доколку купувач е физичко лице, односно 5 години доколку купувач е правно лице, со што уште еднаш се потврдува заложбата на Владата на Република Македонија, законските решенија да ги прави во соработка со засегнатите страни и со почитување на интересите и на заинтересираните купувачи на земјоделско земјиште во државна сопственост, без притоа да се наштети на имотните интереси на државата.

Ги упатуваме „стручните и загрижени“ во СДСМ во иднина да се потрудат да искажуваат издржани тези со што би ја потврдиле упатеноста во проблематиката која оддамна не ја владеат.

А за наводната грижа кон земјоделците или довербата која сакаат да ја имаат, таа оддамна ја имаат изгубено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.