Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министрите од Г-20 не успеаја да се договорат за поамбициозни климатски цели

0
By Biljana on July 24, 2021 СВЕТ
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите од Г-20 одговорни за климата, енергетиката и животната средина на состанокот во Неапол не успеаја да се договорат за поамбициозни цели во спроведувањето на Парискиот договор.

„Неколку земји во заедничката завршна декларација не сакаа да прифатат обврска за задржување на глобалното затоплување под 1,5 Целзиусови степени“, рече италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани по состанокот.

Наместо тоа, земјите се обврзаа само на претходната цел на Парискиот договор да го задржат глобалното затоплување далеку под два степена и да продолжат со напорите за негово намалување на 1,5 степени, се наведува во декларацијата.

Земјата веќе се загреа за околу 1,2 степени во споредба со прединдустриските времиња, со фатални последици од климата. Во зависност од регионот, се забележуваат посериозни настани поврзани со климата, вклучително жештина, суша, обилни дождови, бури и поплави. Дводневниот состанок беше подготовка на самитот на Г-20 што треба да се одржи во Рим кон крајот на октомври.

Групата од 20 економски моќни земји има членки на сите континенти и ги вклучува САД, Кина, Русија и Германија.

Шефицата на ОН за климатски работи, Патриша Еспиноза предупреди дека Г-20 е одговорна за 80 проценти од сите глобални емисии. Таа ги повика земјите на глобалната конференција за климатизација, закажана за ноември во Глазгов, да покажат одлучност да го спречат затоплувањето.

Претходно, министерот Чинголани рече дека „најбогатите земји-членки на Г-20 првпат во историјата ја препознаа врската помеѓу климатските промени, животната средина, енергијата и сиромаштијата“.

клима Париски договор за климатски промени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.