Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска. Воедно, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.
– Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став – пишува во соопштението од МИОА.
Од таму велат дека тие цврсто се залагаат за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa.