Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Мирен протест на специјализантите по стоматологија

0
By Менче Атанасова Точи on September 19, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјализантите по стоматологија денеска излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство. Тие бараат финансиски надоместок за нивниот труд, исто како што добиваат приватните специјализанти по медицина. Мирниот протест доаѓа по осуммесечните преговори и ветувањa дека од септември ќе почне исплатата и за нив.

„Имавме повеќе средби , ни ветуваа дека ќе добиеме надомест за нашиот труд и дека тоа ќе почне од септември. Но, на последната средба советникот на министерот ни соопшти дека пари нема“, изјави Елена Лазаровска специјализант по стоматологија.

На Стоматолошките клиники приватно специјализираат 43 ца стоматолози. Тие секојдневно ги извршуваат своите работни обврски со пациенти поради што бараат валоризација на нивниот труд, особено сега на  почеток на новиот семестар и подмирување на трошоците за специјализација кон Стоматолошкиот Факултет – Скопје, кои се дополнителен товар на младиот специјализант.

Вчера министерот Филипче изјави дека пари ќе бидат обезбедени и тие ќе почнат да добиваат финансиски надомест од октомври. Специјализантите бараат гаранција за тоа.

„ Ние  бараме конкретен договор на писмено за ова ветување. Го поздравуваме ова ветување и се надеваме дека министерот ќе остане на ова што го кажа.  Ова е една мерка за нас младите стоматолози да не задржат во државата и да не се иселуваме масовно во странство“, изјави Лазаровска во име на сите приватни специјализанти по стоматологија.

Претходно, тие му испратија Oтворено писмо на премиерот Заев за кој велат дека им е последна надеж дека ќе го реши нивниот проблем за да имаат рамноправен, правичен и еднаков третман сите приватни специјализанти.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.