Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирно во Сараево и Мостар, Изетбеговиќ бара предвремени избори

0
By Нова ТВ on February 11, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Завршени се протестите во Мостар каде што беа собрани околу 700 граѓани и претставници на невладини организации.

Сараевската Алапашина улица која беше блокирана поради денешните демонстрации сега е преодна.

Мал број на демонстранти сеуште се наоѓаат пред Али-пашината џамија. Се очекува демонстрациите во Сараево целосно да прекинат денеска а од утре да продолжат.

Според заменик-претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, вонредни избори се единствен начин да се реши сегашната криза во Босна и Херцеговина и дека треба да бидат спроведени најдоцна до месец мај годинава.

Изетбеговиќ пред новинарите во Сараево исто така напомена дека владејачките хрватски и српски партии не го поддржуваат предлогот, а затоа високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ треба да интервенира како би се наметнале измени во законот.

Во пресрет на утрешниот состанок на Пленумот граѓани и граѓанки од Сараево кој ќе се одржи попладне, денес во текот на денот се појавија летоци кои ги повикуваа граѓаните на собир. Меѓутоа од иницијативниот одбор на пленумот, отфрлија секаква поврзаност со летоците.

„Зад нас не стојат никакви партии ниту организации. Ние најдобро знаеме дека зад нас стои долгогодишно понижување, глад, беспомошност и безнадежност на сите нас. И затоа викаме „не“ на политичките манипулации. Нема договор зад затворени врати, нема избрани…не даваме никој да ни го украде граѓанскиот бунт“, се вели во одговорот на иницијативниот одбор на пленумот.

Инаку, протестите во Босна и Херцеговина траат речиси една недела, а изминатите денови гореа зградите на претставништвата откако се судрија полицијата и демонстрантите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

ВЕСТИ November 15, 2025

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е…

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.