Идниот мандатар на словенечката влада, е можно да биде Миро Цезар, синот на некогашниот олимписки и светски првак во гимнастика Мирослав Церар, објавија словенечките медиуми.
Се претпоставува дека Церар би можел да биде прифатлив и за досегашната опозиција, пред се за партијата Позитивна Словенија.
Церар по професија е правник специјализиран за уставно право, а ќе го предложат трите партии кои досега биле во коалиција со Јанез Јанша.
Љубљанскиот весник „Дело“ пишува дека тие најверојатно ќе го кандидираат Церар, кога ќе обезбедат доволно пратеници за ново мнозинство во Парламентот.