Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ: Слобода е да се чувствуваш добро на маргините

0
By Zoran Ivanov on February 26, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2026 16:46
Интервју со Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ

Западниот свет е навлечен на очај, живееме во епидемија на осаменост, а осаменоста е суштински последица на нарцизмот. А нарцизмот е знак на длабока емоционална празнина.

Ана Василевска
Кај Мојсиловиќ слободата не е политичка парола, туку интимна

дисциплина: способност да се поднесе сопственото мислење без алиби и
без публика што аплаудира по навика. Токму со таа етика на лична
позиција таа доаѓа во Скопје на 7-ми март во „Public Room“, на средба со
читателите што повеќе личи на разговор отколку на промоција. Затоа
што нејзините книги не се читаат за да се согласи човек со нив, туку за
да се разбуди.

Беше некоја летна жега во оние ранливи доцни тинејџерски години, премногу топло да се чита Ками или Борхес, па некако некој од Белград донесе книга од Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ. Се втурнав во читање и како со секој пасос, ненаметливо некој да ми расчисти мал хаос во главата, некоја од од оние тивки дилеми што ги носиш за себе, за светот, за тоа како треба, а како навистина се живее, со веќе усвоена филозофија и спонтано сознание. Таа пишуваше за слабостите без срам, за малите слатки пороци без позирање, за љубовта без патетика, и токму затоа ми звучеше искрено. Колку повеќе ја читав, толку поголема ми стануваше, иако таа секогаш упорно одбива да се прави важна. Се „дружевме“ и преку текстовите во престижните белградски магазини. Подоцна, заедно со Ориана Фалачи, Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ си ја
прогласив за новинарски и колумнистички компас.

Долго ја познавав само како глас. Некако тивко се надевав дека ќе ја сретнам, и еве тоа се случи дури во моите зрели години. Мирјана е од оние ретки луѓе што делуваат лековито: и кога пишува, и кога молчи, и кога едноставно само ја гледаш насмевката на екран.
И така, постојат автори што пишуваат книги, и автори што пишуваат позиција во светот. Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ припаѓа на втората, сè поретка категорија: на оние кои не создаваат само текст, туку простор во кој човекот може да се препознае без да се прилагодува, без да наидува на осуда и да си најде атом на прифаќање. Нејзините романи, колумни и јавни настапи одамна не се само книжевност, туку дијалог со времето што нè оттурнува од самите себе.
Во култура на постојана бучава, таа упорно зборува за тишината; во епоха на самопромоција, за самоспознание; во време на припадности, за осаменост како цена на интегритетот. Кај Мојсиловиќ слободата не е политичка парола, туку интимна дисциплина: способност да се поднесе сопственото мислење без алиби и без публика што аплаудира по навика.
Токму со таа етика на лична позиција таа доаѓа во Скопје — на 7 март во „Public Room“, на средба со читателите што повеќе личи на разговор отколку на промоција. Затоа што нејзините книги не се читаат за да се согласи човек со нив, туку за да се разбуди.
Во пресрет на таа средба разговараме за слободата, за женското авторство, за медиумите, за модерноста и за љубовта, за вулгарноста на лагата и манипулацијата, за последниот преостанат радикален чин, и да, ова не е само интервју, туку литературна содржина.

Слобода е да се чувствуваш добро на маргините

Василевска: Често велите дека клучот на сè е чувството на слобода. Во време во кое
слободата често се сведува на избор меѓу понудени опции, што за Вас
значи вистинска, внатрешна слобода? Дали таа е состојба на духот или чин на отпор?

Мојсиловиќ: Слободата за мене е и едното и другото, и состојба на духот и чин на отпор. Денес, меѓутоа, најважната слобода се остварува во областа на духот, затоа што духот, како што гледаме, е главното бојно поле — силите што сакаат да нè поробат во секоја смисла, најпрво почнуваат од духот: нè трујат со омраза, страв, зло, ни го ограничуваат знаењето, ни наметнуваат вредности што се во целосна спротивност со она што е човечкото суштество.
Слободата за мене, пред сè, е да имаш внатрешна сила да му се спротивставиш на лудилото и лагите, а тие не се само во строгото поле на политиката, туку можеби уште повеќе во полето на уметноста. Погледнете само што се форсира како врвна уметност — во „литературата“, музиката, а да не зборувам во „сликарството“, театарот и филмот. Уметноста е идеално поле не само за масовна пропаганда туку и за тренирање строгост — кој нема да клима со глава и да се воодушевува на небулози што се претставуваат како врвна уметност, тој е отпишан.
Па што да ви кажам, убаво е да се биде отпишан во момент кога само оние што ја продале душата на ѓаволот се овенчани со „слава“ и пари. Тоа е слободата — да се чувствуваш добро во сопствената кожа кога си на маргината.

Василевска: Не си дозволувате да бидете заробени ни во сопствената фантазија, ни во очекувањата на другите. Колку е денес — особено за жена автор — тешко да се остане надвор од „матрицата“ на она што се очекува да бидете?
Многу е тешко за жена, а за жена зад која не стои баш никој – десет пати потешко. Јас сум родена со тоа чувство на слобода, а тоа значи дека сум можела да бирам – секогаш се појавуваат примамливи понуди, но кога не ве интересираат кратенките, кога не ве интересира моќта, ни големите пари, тогаш бирате да бидете доследни на себе.
Тоа е она што јас го нарекувам „мал живот“. Сè додека сум среќна додека пишувам што јас сакам, или додека сликам светови во кои би сакала да живеам, и додека од тоа можам да водам мал живот — јас сум слободна. Мислам дека мојата публика го препозна токму тоа нешто што нè прави едно посебно племе.
Затоа не ми требаат кликови, ни купени аплаузи, ни следбеници со задача. Знаете, најтешко е во оваа ера во која толку видливо владее теророт на „победниците“ да ја носите својата „губитничка“ позиција со хумор и задоволство. А мојата огромна публика е мојата најголема награда и доказ дека мојот досегашен труд имал смисла.

Василевска: Вашите колумни се бескомпромисни и често ги разобличуваат
колективните илузии на современиот свет. Дали мислите дека денешното општество повеќе се плаши од искреноста отколку од лагата?

Во право сте. Луѓето всушност не ја сакаат вистината затоа што таа ги
вознемирува; вистината често значи рушење светови, а исто така значи за многу луѓе — страв да бидат препознаени како оние што ништо не разбираат или како оние што биле на „погрешната страна“.
Да се потсетиме како луѓето масовно реагираа на страшната пропаганда во време на короната, и мене ми беше тешко во мојот круг да најдам
соговорници. Денес, со откривањето само на дел од ужасите на современиот свет, со Епштајновите листи, оние што не сакале да слушаат навреме, таа вистина денес боли милион пати повеќе.

Gallery Image 1

Љубовта, модерноста и светот по човекот

Василевска: Во Вашите романи ликовите често се изгубени во информатички универзум — во свет на стравови, нарцизам и кревки идентитети. Дали живееме во време на емоционална инфлација, во кое сè е изложено, а малку нешто вистински проживеано?

Во мојот последен роман „Соѕвездие на светулките“ главно се занимавам со тоа. Западниот свет е навлечен на очај, живееме во епидемија на осаменост, а осаменоста е суштински последица на нарцизмот. А нарцизмот е знак надлабока емоционална празнина. Или како што еднаш напишав — самољубието е најнеплодната форма на љубов. А сето тоа заедно е последица на целиот филозофски и политички
концепт што го одбележа дваесеттиот век — дека човекот е бог. Затоа денес стигнавме до морбидна ситуација мала група болни, енормно богати луѓе да ги впрегнат научниците да се играат бог и да создадат нов човек според стандарди на вавилонски и други демонски концепти.

Василевска: Односот меѓу прогресивноста и традиционалниот вредносен систем денес делува како постојана тензија. Дали верувате дека модерноста може да биде етична, а да не ги отфрли темелните човечки вредности?

Ние веќе можеме да видиме дека оваа модерност што ни се претставува како идеал не е ништо друго туку трансхуманистичко тотално поробување на човекот како суштество на слободна волја. Парадокс е што таа модерност во својата суштина крие древни окултни концепти спротивни на христијанските вредности врз кои почива нашата цивилизација.
Една од темите на таа „модерност“ е релативизација на сè. А таму каде што сè е релативно — сè е дозволено. А таму каде што сè е дозволено — има ѕвер. Тоа се гледа и во морбидното прашање на Јувал Ноа Харари: „Што воопшто ќе ни луѓе, бескорисни јадачи“, и во изјавите на Бил Гејтс дека на светот има повеќе од пет милијарди вишок луѓе. Никому денес не му е чудно што никој не ги повикал на одговорност за најгеноцидните изјави што еден човек може да ги изговори.

Василевска: Во романите „Азбуката на мојот живот“ и „Твојот ангел чувар“ отвoрате
теми на развод, нарцизам и психичко насилство. Дали книжевноста денес треба да биде утеха, предупредување или огледало?

Книжевноста може да биде сè тоа, и по мене добрата книга ги содржи ситетри сегменти. Јас додавам и четврти: треба да инспирира луѓето – или повеќе да читаат или самите да почнат да пишуваат. Само така може да се преживее реалноста. Затоа и стана позната мојата изјава: „Реалноста не е доволна“.

Василевска: Љубовта е централна тема во Вашето творештво, но никогаш банална. Во ерата на брзи врски и уште побрзи разделби, дали љубовта станува
радикален чин?

Љубовта кај мене е основната приказна, зад која секогаш стои една тема -како со помош на книгите се спасува сопствениот живот. Впрочем, најголемиот бестселер на сите времиња, Библијата, во суштина е љубовна книга. Во меѓучовечките односи се кријат сите прашања и дилеми на човештвото. Но проблемот е што љубовта е сведена на секс, а сексот на порнографија. А порнографијата стана политика. Тоа е одамна смислен проект на уништување на идејата за другиот, за блискоста, за семејството и бракот. Човекот веќе денес е сам во светот — а кога си толку сам, секоја сила може да прави со тебе што сака.

Василевска: Често велите дека писателот треба да ѝ оди на публиката „на нозе“. Во
време на дигитална дистанца, дали непосредната средба е последното
место каде се случува вистинската магија на зборот?

Да. Тоа е важна мала мисија од која никогаш не се откажав. Веќе 25 години патувам кај својата публика, понекогаш е тешко, но секогаш добивам неверојатна енергија. И ме научи на најважната лекција, никогаш да не се вознесам. Големината на човекот се мери по тоа дали кога најмногу му аплаудираат има сила да се намалува, а не да се надува како балон.

Василевска: Како поранешна новинарка, отворено зборувате за трансформацијата на медиумите. Дали денес уметникот има поголема одговорност да ја зборува вистината од новинарот?

И уметниците, особено „најславните“, зависат од центрите на моќ. А за новинарите — денес буквално секој може да стане „новинар“. Погледнете колку неписменост и вулгарност има во медиумите. Единствено е важно да има кликови и да не се добие отказ. Вистината никому не му е важна — доволно е да видите како светските медиуми молчеа за трговијата со деца и Епштајн.

Василевска: Во пресрет на 8 Март — што значи денес да се биде слободна жена?

Проблемот е што новата улога на жената е навлечена да ги плука мажите. Убиството на „алфа-мажјакот“ и рушењето на семејството остави очај и кај мажите и кај жените, а децата страдаат. Создадена е генерација што не ја интересира блискост, туку само успех и его — што доведе до burn-out. Слободна жена, според мене, е онаа што ќе има храброст да каже дека и радикалниот феминизам како политички проект учествуваше во рушењето на светот.

Текстот е сопственост на 0нулта.мк


Ана Василевска интервју Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
ФОКУС
February 26, 2026

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот Извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

ВЕСТИ February 26, 2026

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи…

22 години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

February 26, 2026

Рокас го откачи Мицкоски за ЕУ без право на глас – прво обврските па членство

February 25, 2026

Филипче: Мицкоски велеше ДУИ се криминалци а што се случи, се договориле со Груби

February 25, 2026
ТИКЕР

Региструран умерен до силен емјотрес во Романија

February 26, 2026

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.