Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мис Волга

0
By Нова ТВ on June 19, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Како и секоја друга земја така и поранешниот Советски Сојуз (СССР), сега Руска Федерација (Русија), си има свое богато музичко наследство создавано со векови.

Како голема земја со скоро 15о милиони жители (денешна Русија), може да наброи стотици врвни музички творци и изведувачи од сите жанрови. Кога станува збор за класиците, многумина од нив се признати и познати во целиот свет. Сосема поинаку е кај народната и популарната музика која е наменета за широк аудиториум и со неспоредливо поголема продукција.

Но, поради затвореноста на земјата, посебно во комунистичкиот период, многу од тие песни и изведувачи не ја поминале границата на Русија и останале популарни на локално ниво иако се работи за огромна територија (во денешните граници 11,5% од вкупната светска земјена површина).

Ако се запрашаме колку руски песни знаеме ќе наброиме едваj десетина кои се пробиле на пазарот од ретките гостувања на руските уметници или од интерпретатори кои ги ставиле на својот репертоар. Во Америка тој број е уште помал, таму ја знаат песната „Црни очи“, затоа што ја снимил Луј Армстронг, „Под московски вечери“, затоа што ја снимил некој оркестар во диксиленд верзија или некои руски теми употребени во филмови со руска тематика.

Ако пак прашате колку руси или Европејци знаат американски песни тој број е неспоредливо поголем. Затвореноста, политичкиот систем, како и слабо развиената дискографска индустрија, си го направиле своето. Со развојот на дигиталната индустрија и брзите електронски комуникации, состојбата се менува.

Малкумина кај нас до пред 15-тина години знаеја која е Људмила Зикина, „Кралицата“ на руската народна и популарна музика, или како што многумина ја нарекуваа „Мис Волга“. А станува збор за уметник од светски размери со импозантна биографија на дела што ги оставила зад себе. Затоа, еве неколку реда за неа, иако таа веќе не е меѓу живите.

Људмила Зикина е родена на 10. 6. 1929 г. Во Москва во скромно работничко семејство. За време на Татковинската војна, како многу млада, работи во фабрика, подоцна како медицинска сестра и како шивачка во една болница. Уште тогаш покажува исклучителен талент за музика и пеење. Во 1947 се пријавува меѓу илјада кандидати од целиот Советски Сојуз, во изборот на млади пејачи за потребите на државниот хор Пјатњицки.

Од сите кандидати се одбрани три момчиња и Људмила како единствен женски вокал. Од тогаш па до крајот на животот посветеноста на музиката, и на песната и се единствената преокупација. Таа прераснува во врвна интерпретаторка на руска народна музика, на романси и популарна музика. Особено голема популарност стекнува кога ја снима песната „Тече Волга“ од познатиот руски композитор на популарна и филмска музика Марк Фрадкин (1914 – 1990).

Се смета дека нејзиниот репертоар содржел околу 2.000 песни. Многу од нив издадени на грамофонски плочи кои достигнале тираж од 6.000.000 копии. Покрај, како професионална пејачка, таа долги години е директор на Ансамблот „Русија“ што самата го формира, кој прераснува во руски бренд за презентација на фолклорот и богатата ризница на оригинални народни носии од разни делови на државата.

Како заслужна артиска, Људмила Зикина добива повеке државни признанија и одликувања. Таа е прогласена за Народна легенда на повеќе Советски Републики, за Војвода на социјалистичкиот труд, ја добива и наградата Ленин и многу други. Но, како што самата вели, најголема награда за неа е довербата и љубовта на публиката што ја гаела према неа.

Постојано била на турнеи и концерти. Настапила во 92 земји, во некои повеќе пати. Омилена пејачка во Кина, Северна Кореја и други. Во 1960 година кога настапувала во Лос Анџелес за руските емигранти, се сретнала, со тогаш се уште не афирмираните „Битлси“, кои после концертот и испеале еден рефрен од една нејзина песна и и подариле сребрен гердан за кој се верувало дека носи среќа.

Се сретнала со државници како: Нехру, Индира Ганди, Урхо Кеконен, Насер, Жорж Попмпиду, Ким Ил Сунг и други, потоа уметници како: Миреј Матје, Шарл Азнавур, Луј Арагон, Марсел Марсо, Френк Синатра, Белмондо, Фернандел, Шагал итн.

Има многу да се пишува за Зикина – не случајно наречена „Мис Волга“. Нејзината појава, смиреност, моќност, волуменозност и сила со која ја гради кариерата се карактеристики на реката Волга, или како што пее во песната: „Од далеку долгo тече река Волга, а крајот нема крај“.

Људмила Зикина го заврши животот на 1. 7. 2009, откако 20 дена пред тоа со должно внимание од државата и пријателите го прослави 80-от роденден. Претседателот Медведев лично по телефон и го честита роденденот, а неговата сопруга приреди прием во Кремљ во нејзина чест.

Иако со нарушено здравје, таа се подготвуваше, по роденденот да ја почне својата последна турнеја низ Русија, желбата не и се исполни. Погребана е во Москва со сите државни почести, покрај грбот на славната балерина Галина Уљанова, а од 27. 8. 2009 и славниот писател Сергеј Михалков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.