Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Мишел: Почитувани Македонци имате историска можност да кажете „да“ за иднината на вашите деца

0
By Соња Крамарска on July 5, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е клучен момент за Северна Македонија но и за ЕУ. Иднината на моите три деца и на сите наши деца ќе биде побезбедна и просперитетна со Западен Балкан внатре во ЕУ, порача претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на денешната прес-конференција со премиерот Ковачевски.

„Почитувани Македонци имате историска можност да кажете ‘да’ на преговр и ‘да’ на иднината на вашите деца. Одлуката за тоа е кај вас. Искрено да ви кажам како пријател, оваа можност е премногу важна да не се пропушти, никогаш не сме биле толку блиску до почеток на преговорите. Можете да сметате на политичка и финансиска поддршка и наше почитување и лојалност“, рече Мишел.

Тој додаде дека започнувањето на преговорите ќе донесе многу предности за Македонија. Информираше и дека решението за кое се дебатира е нов предлог, урамнотежен и кој ги зема предвид, како што рече, загриженостите на македонската страна.

„Ако кажете ‘да’ првата меѓувладина конференција ќе се одржи во следните денови. Преговарачките тимови ќе бидат повикани во Брисел, македонскиот јазик е ваш јазик и предлогот го почитува тоа, законодавството на ЕУ целосно ќе биде преведено на македонски јазик. Може да сметате на мене дека систематски ќе стојам зад вашите права“, истакна тој.

Мишел појасни и дека договорот за ЕУ е зацртано почитувањето на малцинските права, дека Македонија е докажан пример за нивно почитување и дека ако го промениме Уставот со внесување на бугарското малцинство, на тоа ќе се гледа како дека ги поддржуваме тие европски стандарди.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, рече дека предлогот кој сега се разгледува е европски, поддржан од сите 27 членки на ЕУ, со најповолни позиции за нас, и предлог во кој се вклучени нашите забелешки и дека е основа која ќе овозможи почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ. (С.К.)

 

прес со Ковачевски Шарл Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.