Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мистериозна смрт: Семејство бара одговор од што починал нивниот син

2
By Менче Атанасова Точи on October 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Влатко Трпевски имал само 25 години, кога на 17 август годинава починал за само неколку часа, откако бил примен во Градската хируршка болница„ Св. Наум Охридски“. Зад себе остави сопруга и три деца. Неговите родители бараат одговор од што починал нивниот син, за чија смрт велат дека е обвиткана во мистерија, со многу нејаснотии.

-Сакам да знам од што почина мојот син, дали е лекарска грешка, пропуст во лекувањето, имам овде во документите многу невистини, се ова ми отвара сомнеж, вели Марија Трпевска мајка на починатиот Влатко.

Се почнало кога на Влатко му се слошило бидејќи неможел да измокри, откако конзумирал многу течности во организмот. Веднаш бил однесен во Градска болница, а снимката од ЕХО покажала дека има камче над бешика. Откако во неколку наврати се онесвестил и болките не се смирувале му била дадена инфузија, но повторно катетерот останал празен. Снимките на Комјутеризирана томографија за лекарите отвориле сомнеж , по што бил однесен на интензивна нега. Родителите по ова веќе не го виделе нивниот син и незнаат што се случувало со него од 15 до 19 и 30 часот во неделата на 17 август, кога бил однесен на операција. За време на операцијата 25 годишниот Влатко починал.

Со смртта на нивниот син продолжил и нивниот пат по маките. Обдукција за која мајката дала усна согласност не е направена. Утредента телото го барале на Институтот за Судска медицина и на Патологија. Биле изненадени кога дознале дека нивниот починат син се уште е во Градска болница, во некоја кабина, каде што телото стоело цела ноќ и утредента до пладне. Од непознати причини Болницата не побарала да се изврши обдукција која е задолжителна со закон во вакви случаи. Неговиот татко Аце кој бил под дејство на седативи, утредента кога конечно го пронашол телото во присуство на дедото, односно татко на сопругата на Влатко, потпишал да не се врши обдукција.

Семејството Трпевски велат дека дури по два месеци ја добиле отпусната листа, откако мајката сама го пронашла резултатот од патологија, кој го криеле во болницата и во кој вели дека се покажало дека нема ниту тумор, ниту метастази. Велат дека нивниот син никогаш не бил болен во животот. Нефицијално, лекарот им кажал дека искрварил на операција.

Директорката на Градска болница, Јасминка Чабуковска за НОВА изјави дека обдукција не е направена на инсистирање на родителите.

-Јас лично сум сведок дека по смртта, таткото и дедото потпишаа телото да им предадено без обдукција. Имам право на заштита на лични податоци и не мора да ви кажам од што почина пациентот. Доколку семејството смета дека нешто не им се допаѓа , не им се ускратени правните механизми, постои суд, може да побараат правна разрешница и нема потреба овој случај медиумски да се покрива, изјави видно вознемирена и со висок тон Чабуковска.

Таа негира дека дури по две месеца им е дадена отпусната листа. Не објасни зошто не сакала да ја прими и сослуша мајката на починатиот.

Од друга страна, на Институтот за судска медицина објаснуваат дека во вакви случаи не се прашува семејството бидејќи судско медицинската обдукција е задолжителна. Оваа го налагаат меѓународни стандарди и нашата законската регулатива. Според процедурата болницата била должна да го извести јавниот обвинител или дневниот оперативен центар во МВР, во спротивно тоа е прикривање на кривично дело, велат од таму.

-Не ми е познат случајот, но можам да кажам дека, кога смртта не е јасна и настапила во текот на терапевтска или дијагностичка интервенција, судско медицинска обдукција е задолжителна, изјави за НОВА Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина.

Сега семејството чека одговор од Министерството за здравство, од што починал нивниот син. На 1 септември поднеле барање да се испитаат околностите за неговата смрт, но месец и половина се уште немаат никаков одговор. И НОВА веќе два дена чека на одговор, зошто не е одговорено на нивното барање и дали Министерот Тодоров ќе ја испита смртта на овој млад човек.

Целиот прилог за оваа потресна сторија може да го гледате на видеото

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.