Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митреска: Мерките на Народната и Централните Банки во ковид-кризата, ги дадоа посакуваните резултати

0
By Mirjana on September 23, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mерките и политиките спроведени од страна на Народната банка, како и централните банки воопшто, ги дадоа посакуваните резултати во ублажувањето на ефектите од корона-кризата. И покрај пандемијата, кредитната активност во земјава и натаму расте, a непречениот пристап до капитал на меѓународните пазари овозможи зајакнување на девизните резерви и финансирање на антикризните мерки, оценува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

Во својата презентација на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од ковид-19“, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Митреска посочи дека од самиот почеток на корона кризата, централните банки и Народната банка ја олабавиле монетарната политика намалувајќи ја каматната стапка и обезбедувајќи дополнителна ликвидност за стимулирање на економската активност. 

– Покрај вообичаените инструменти за олабавување на монетарната политика, некои од централните банки на економиите во развој спроведоа и програми за зголемување на активата од државни и корпоративни хартии од вредност, нагласи вицегувернерката Митреска. 

Оцени дека спроведените политики ги дале посакуваните резултати – пристапот до капитал за земјава и регионот е непречен, отворајќи простор за делување преку фискалната политика, додека кредитирањето во земјава расте и ја стимулира економската активност. 

‒ Ефективноста на централните банки и поддршката што ја обезбедија беа едни од носечките столбови во економското закрепнување и ублажување на ефектите од кризата врз економијата. Ако банкарскиот сектор беше еден од главните извори од каде што потекна светската финансиска криза, сега тој е еден од главните фактори за постпандемиско закрепнување, посочи Митреска. 

Глобалната финансиска криза, според Митреска, придонела за преосмислување на глобалната финансиска регулаторна архитектура, со нови стандарди, алатки и практики за поголема претпазливост. Оттаму, рече Митреска, банкарскиот сектор и во земјава и воопшто, ја дочека кризата стабилен и во добра форма, којашто дури и зајакна за време на пандемијата

ковид криза Митреска НБ и ЦБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.