Денеска се покажа уште едно лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите, рече пратеникот Јован Митрески од Социјалдемократскиот сојуз.
Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице. Пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа против тоа, на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието, Африм Гаши, да закаже седница за да се реши статусот на бранителите, изјави Митрески денеска во Собранието.
Само пред неколку месеци, како тогашна опозиција, блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители.
Еве ги сликите кои тогаш ги покажуваа и со кои условуваа носење на други закони се додека не се донесе Законот за бранители.
Денеска истите тие пратеници кои тогаш, пред носењето на други закони, нарекуваа дека тоа е политичка шизофренија, истите тие денеска го блокираа законот за решавање на статусот на бранители.
Овие лицемери денеска гласаа против бранителите и денеска може да се констатира дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што кажаа излажаа, рече Митрески.