Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрески: Попладнево ќе свикам итна собраниска седница за да се реши проблемот со возачките дозволи

0
By Marija Todorovska on February 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ќе свика итна собраниска седница на која треба да се донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот и на други закони коишто ќе се однесуваат на важноста на возачките дозволи, со досегашното име. Претседателот на Собранието Митрески истакна дека претпладнето имал средби со координаторите на пратеничките групи, со министрите и со премиерот на техничката Влада Талат Џафери.

-Според тоа што зборувавме досега на досегашните состаноци станува збор за измени во Законот за безбедност во сообраќај и секако ако треба да се направат и соодветни измени во други закони за тоа што се јавува како проблем со возачките дозволи, односно нивната важност.

Митрески посочи дека побарал да се изнајде заедничко решение за овој проблем, кој произлезе од потребата за менување на името на државата во возачките доволи. лините карти и патните исправи.

– Точно е дека имавме после координацијата и состанок со премиерот Џафери, со министерот за внатрешни работи и со координаторите на пратенички групи. Можам да кажам дека сме блиску до решение. Секако, во текот на денот ќе продолжат координациите и можам и да кажам дека во текот на денот ќе закажам итна седница граѓаните да бидат спокојни овој проблем ќе настојувам да се реши во текот на денешниот ден, рече Митрески.

Претседателот на Собрнаието рече дека утрово најпрво се координирал со пратеничките групи во однос на ова прашање, бидејќи уште од вчера имал информација дека ќе бидат поднесени предлози за измени од страна на пратеници.

-Прво, сабајлината ја имавме редовната понеделничка координација со сите координатори на пратенички групи. Уште во текот на вчерашниот ден имав информации дека има предлози од пратеници и пратенички групи коишто ќе ги предложат во Собранието за да се реши ова прашање. Сабајле на координација побарав тоа да биде еден координативен пристап на сите координатори, нормално со мое посредништво, нормално во комуникација и со министерот за внатрешни работи и со премиерот на техничка Влада, со директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување за да ова прашање го решиме, исто така и министерот за надворешни работи и се’ она што значи решавање на овој проблем, вклучувајќи ги сите засегнати страни, рече Митрески.

 

возачки дозволи итна собраниска седница јован митрески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.