Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска на прес-конференција во Собранието рече дека неговата пратеничка група е подготвена да присуствува на седница и да дискутира и да го изгласа петтиот сет мерки.
„Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата нема време за политиканство. Помошта е потребна веднаш. Од тие причини како пратеничка група на ВРМО-ДПМНЕ бараме владеачката коалиција веднаш да закаже пленарна седница, каде заедно ќе ги дискутираме и изгласаме петиот сет на економски мерки.Позади мене се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се подготвени да бидат присутни, и да дада поддршка доколку власта се вразуми да ја закаже седницата.
Апелираме да запрат политичктие игри врз грбот на граѓаните и веднаш да се закаже седница, да ги изгласаме овие мерки. Ние ќе бидеме присутни во Собранието, сега на потег е власта“, рече Мицевски без да нагласи дали ќе бидат присутни само на седници за пакетот мерки или генерално околу сите закони во Собранието.