Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека ако биде поканет на средба од Димитар Ковачевски, ќе ја прифати.
Тој му порача на новиот опонент од Бихаќка дека требало мандатот да го добие на избори и дека тогаш би бил неспорен неговиот легитимитет како мандатар и премиер. Со ова индиректно Мицкоски уште еднаш потврди дека е за брзи предвремени парламентарни избори, што е всушност подолго време барање на ВМРО-ДПМНЕ. – Ако граѓаните ги изберат неговите политики, јас прв ќе му честитам, рече Мицкоски.
Тој повтори дека Ковачевски бил продолжена рака на Заев и со тоа продолжувач на заевизмот, неуспесите и немањето стратегија.
„Продолжува заробената држава и хибридниот режим. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу градоначалници, три четири пати повеќе од СДСМ, со најмногу советници во општините, но ете Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и заробената држава и одлучува мандатот да го даде на лице кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има било каков народен легитимитет“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Бутел. за тоа што очекува од новиот мандатар и од новата Влада.