Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

0
By Marija Todorovska on May 10, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Народот од Мицкоски му даде мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали.

Тоа тој во првото постизборно телевизиско интервју, многу јасно си го кажа.

На констатацијата од новинарот дека од ЕУ изрично и неколку пати кажале дека нема менување на преговарачката рамка, и дека влез на Бугарите во Уставот е условот што мора да се спроведе за да се продолжи европскиот пат, Мицкоски „мртов ладен“ рече: Ако не се подготвени на отстапки, ќе се свртиме кон домашната агенда и ќе чекаме нова гарнитура во Софија.

Тој се размавта со бројот на добиени над 400 илјади граѓански гласови и рече дека има мандат од народот да го направи тоа.

Мицкоски со добиените 400 илјади гласови, кои, како што се пофали, над 85 проценти биле од Македонци, се закани и на сите албанските партии не само на ДУИ, ако се обидат нешто да му противречат.

Знaете ли што значи ова драги мои?

Знaете ли што значи кога ВМРО ќе рече „ќе се свртиме кон домашната агенда“, наместо кон евроинтеграциите?

Тоа значи држете се полетуваме.

Тоа значи наместо Груевизам, Мицковизам.

Просто не ми се верува дека буквално по истото сценарио ќе оди и Мицкоски. А по сè што кажа во интервјуто, ќе го оди.

Се чини дека ВМРО повторно прави услови за да има изговор, за да и го удри чкорчето на државата и да ја врати во среден век, како што тоа го направи Груевски.

Грујо ако се сеќавате го искористи како изговор незачленувањето на Македонија во НАТО после Букурешкиот самит во 2008ма, за да се сврти кон „домашната агенда“.

И тогаш започна ујдурмата.

Таа „домашна агенда“ значеше: државен прогон, политичко-партиски хајки, судски тефтерчиња, затворање медиуми и новинари, арамилак, плацеви, динамит, ендеци, хилти… Правеше сè што треба за да не нè биде. И успеваше 11 години да владее со помош на братучедите и со вазалните институционални структури што претходно ги партизира, но и со огромна поддршка од гласачите. Имаше поддршка од народот. Да не заборавиме, Груевски победи на парламентарните избори 2016та (што ги спроведе Пржинска, не вмровска влада) и покрај тоа што цела држава имаше прилика да слушни од бомбите за каков начин на владеење се работело. Тоа што не успеа да направи влада е сме имале ксмет (читај фала им на САД и западните пријатели).

Мицкоски сега, еве го, уште при прво појавување на ТВ ни го кажува истото.

Кажува како планира да владее и каде ќе нè носи. Него, убаво си кажа човекот, ич нема да му чуе ни за мултикултурно општество, меѓуетнички односи нит за евроинтеграција.

Тој си доби мандат од +400 илјадарки гласови. Баш го брига Мицкоски што најмалку 300 илјади се гласови што сега ќе бидат опозициски, или што еден милион и кусур со право на глас не излеге на гласање. Тој си ги има неговите 400 илјадарки во мало џепче и вас другите кој ве ебе.

Немој после да се чудите зошто, како. Му дадовте на човекот, ни крив ни должен, ете ви го – со здравје да си го носиме.

Се пофали Мицкоски, така самозадоволно, и со една милјарда евра поволен кредит од некоја странска, како што рече – пријателска држава, во првите 100 дена од владеењето, ама не сакаше да открива детали.

Многу беше таинствен пустиот.

Сигурно се работи нешто околу оската: Скопје-Белград-Будимпешта-Пекинг, ама ајде, живи били па видели.

За СДСМ, што да ви кажам?

Дебакл.

И покрај тоа што во седумгодишниот мандат ги затепа пандемија и светска економска и енергетска криза, направија демократски амбиент во државата, олабавија меѓуетнички односи, направија амбиент за слобода на медиуми, зголемуваа плати, социјална помош, пензии, отворија пат до ЕУ, нè внесоа во НАТО… И покрај сето тоа, им се удри од глава: Кривичниот законик, судството, вазалниот однос кон ДУИ, алчноста (зголемувањето на 78% функционерски плати), самобендисаноста, неефикасноста и слепата верба во ветувањата од западните пријатели. Овие последниве по сè што читаме деновиве се чини и ги пуштија повода.

СДСМ има година ипол да се соземе, или да ја снема. Толку има до локалните.

Ние, не знам колку време имаме.

Текстот е личен став на Авторот.
Груевизам Јане Ѓорѓиоски Мицковизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.