Ние не бараме амнестија, туку правда за осудените за 27 април, изјави опозицискиот лидер Христијан Мицкоски по средбата со претседателот Стево Пендаровски и рече дека наишол на разбирање од страна на претседателот.
Според Мицкоски, осудените за „27 април“ се осудени за крвично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и смета дека тие треба да одговараат за делото кое го сториле, а не за делото за кое се осудени.