Мицкоски нема ниту план, ниту визија, со ДПМНЕ нема иднина, велат од СДСМ.
„Мицкоски јавно на телевизија рече дека со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години. ДПМНЕ во извештај на Европската комисија е посочена како кочничар на реформите во македонското Собрание и напредокот“, потенцираат од партијата.
Оттаму потсетуваат дека две години опозициската ДПМНЕ спроведуваше активна блокада, но и дека сето тоа завршува после изборите на 8 ми мај.
„Граѓаните ќе ја изберат најдобрата опција и земјата ќе продолжи по вистинскиот, по европскиот пат. Членството во ЕУ е втората стратешка цел на државата по членството во НАТО, што ќе ја реализира новата проевропска Влада предводена од СДСМ“, стои во партиското соопштение.