Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ова е договор за капитулација,на референдум ќе гласам против

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција изјави дека неговата партија нема да го промени ставот дека е против промена на Уставот, за промена на уставното име.

Тој побара од Заев веднаш да им го достави договорот, за што како што рече ги откажал сите негови претходно планирани обврски надвор до државата.

-Тежок ден за Република Македонија. Зоран Заев се обиде поразот да го покажува како победа. Она што е стекнато како право, правото на јазик и идентитет се покажува како извојувана победа во преговорите со нашиот јужен сосед, тоа е загарантирано многу порано, јасно кажано и напишано во ОН, рече Мицкоски.

Тој истакна дека референдум ќе има и на него тој како Мискоски ќе гласа против.

Според него ова е прифаќање на сите грчки позици и затоа за нив не е ништо  повеќе од таканаречен договор.

-Тоа е прифаќање на промена на Уставот, за внарешна и надворешна употреба на името, поради што тој е договор на Зоран Заев за капитулација, рече Мицкоски додавајќи:

-Доколку Заев се обидува шверцерски капитуалацијата да ја протне низ собраниска процедура, кажувам дека референдум ке има и тој ќе биде задолжителен, а не консултативен, рече Мицкоски.

Тој исто така рече дека договорот е резултат на неспособноста на Заев и на дипломатијата што ја водеше во изминатиот период и го обвини дека покажал нестабилност и промена на личните ставови, што според Мицкоски е недостоинствено за премиер на една држава.

-Јас ќе опстојам на принципите. Оној кој отстапува од принципите покажува дека воопшто немал принципи и треба да ја каже цената за таквите компромиси, таа цена со Заев е преголема и прескапа за Република Македонија. Ние сме за членство во ЕУ и НАТО, ќе настојуваме и придонесуваме за тоа, но истото мора да биде по сработеното, а не по предавствата и капитуалциите. Со ваквите договори Македонија губи и не смее да продолжи да губи. Верувам во граѓаните и нивниот капацитет, ќе продолжам силно да верувам и работам за Република Македонија, вели Мицкоски.

Според Мицкоски со договорот се прави непроценлива штета и државата се турка во амбис.

-Заев се обидува да покаже вештачка среќа, се гледа од далеку дека ова е пораз, тоа се чувствува кај граѓаните, потиштеност и пораз. Целосниот процес се водеше во тајност, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше вклучена во преговорите. Единствено што се случи денеска е телефонскиот разговор со Заев веднаш по неговиот разговор со неговиот колега Ципрас. Прифатени се сите грчки позиции и не може да се прифати договорот. Ако за Заев е прифатливо промена на Уставот, тогаш тоа е договор на Заев за капитулација, рече Мицкоски.

Мицкоски повторно спомена дека неговата партија како најголема опозициска партија не била вкучена во преговорите и дека Заев ги монополизирал преговорите. Единствена информација добил денеска во телефонскиот разговор, кога од Заев бил информиран веднаш по постигнатиот договор со Ципрас.

 

ВМРО-ДПМНЕ Договор името прес Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.