Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски внимавај – блиску си до говор на омраза

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 АНАЛИЗА, ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашање е дали Мицкоски е свесен за одговорноста за изговорениот збор или скриена наредба. Кој е поодговорен, тој што издал наредба да се убие или толпата што убива ? „Мочуриште“ „Лешинари“ „Глодари“ и „Полноглавци” се дел од вокабуларот на овој премиер.

Жанета Ќосе

Кој е одговорен за смртта на жртвата од трениран пес, песот што убил или сопственикот кој што му ја дал наредбата да убие? Дилемата на американските научници, на правните теоретичари од англосаксонскиот правен систем, е поставена пред секој граѓанин, а особено пред претставниците на власта.

Слободата на изразување во англосаксонското право се практикува без ограничување на слободата на мислата, но потоа се бара одговорност за секој изречен збор, со кој што се повредило, па дури и да се ограничило некое право на граѓанинот.

Во европскиот правен поредок се внимава и на превенирање на евентуален говор на омраза. Обвинувањата за цензура не се релевантен фактор ако станува збор за превентивна забрана со цел да се спречи насилство од омраза. А лекс специалис е Европската конвенција за човекови права и слободи, што ја ратификувала и чиј член е и нашата држава. И согласно правните принципи, еднаквата и еднообразна примена на законите обезбедува севкупност на правото, еднаквост на луѓето пред законот и правна сигурност.

Легислатива има, но не се почитува. Од правен аспект, радикалните форми на неприфатлив говор во кој отворено се повикува на насилство врз одредени социјални групи е најкратката формулација за објаснување на терминот говор на омраза.

Постојат неколку дефиниции за говор на омраза, но во евопскиот правен поредок најприфатена е таа од препораката на Комитетот на Советот на Европа: Говорот на омраза ги вклучува сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на омраза засновани на нетолеранција, вклучувајќи и нетолеранција изразена во форма на агресивен национализам и етноцентризам, дискриминација и непријателство кон малцинствата, мигрантите и луѓето од имигрантско потекло“.

„Мочуриште“ „Лешинари“ „Глодари“ и „Полноглавци“ се епитети кои што во последно време се дел од вокабуларот на овој премиер. Од правен аспект со навредлив речник се служат поединци на раководни позиции кои што имаат намера да навредат и да виктимизираат одредени целни групи или граѓани кои се закана за нивните функции и привилегии.

Тенка е границата меѓу слободата на изразување и говорот на омраза. Избраната жртва кон која е насочен говор на омраза е навредуван и жигосуван како поединец. Кон него е посочено со прст со намера да се прикаже како одговорен за нечија грешка, поточно кој е избран да му се префрли вината за злодело извршено од друг, вообичаено од моќен поединец, со цел да се пренасочи вниманието кон избраната целна група или поединец.

Анализирано од социолошки аспект ваков наратив користат луѓе од позиција на моќ, кои толпата од лојални клиентелисти слепо ги слуша и ги извршува јавните линчови на избраните жртви.

Злоупотребата на моќта, во одделни случаи обезбедена и преку тргување со влијание, резултира со насилство поттикнато од зборот. Од психолошки аспект, пак, виктимизцијата и говорот на омраза се производ на безмилосното газење врз жртвите, што може да се окарактеризира како крволочност. Станува збор за луѓе кои ги имаат сите симптоми на нарцисоидност, но во негативна смисла на зборот, поточно за синдромот Хомо балканикус дополнет со огромна желба да се задржи власта по секоја цена. Психолозите би се согласиле дека станува збор за хранење на големото его и суета на моќници, кои газат врз живи луѓе за да ги реализираат зацртаните цели за позиции и фотелји.

Прашање е дали Мицкоски е свесен за одговорноста за изговорениот збор или скриена наредба. Кој е поодговорен, тој што издал наредба да се убие или толпата што убива?

Од Фејсбук ѕидот на авторката

говор на омраза Жанета Ќосе Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.