Од луѓето што ги гледам и енергијата што ја чувствувам, во сабота ќе биде еден од најголемите протести досега во Македонија, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
„Десетици илјади граѓани од цела Македонија ќе дојдат во Скопје“, нагласи Мицкоски.
Прашан колку автобуси ќе закупи партијата за транспорт на лицата до главниот град, тој рече дека не е запознат со точната бројка и додаде оти за тоа се задолжени други луѓе во опозициската партија.
„Си има луѓе во партијата кои се задолжени за тоа. Сите заинтересирани лица кои сакаат да дојдат на протестот во Скопје, а немаат обезбедено сопствен превоз, ќе има организиран превоз од партијата“, порача Мицкоски.