Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицковата кошничка

0
By Marija Todorovska on February 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Мицкоски не го загрижува тоа што со затворањето на фабриките илјадници семејства ќе останат без приход и на улица, ако на Премиерот на Нашата земја му е чудно работниците да јадат и да живеат како нормални луѓе, тогаш што го загрижува Мицкоски и што не му е чудно? 

Јане Ѓорѓиоски

  1. Многу тешка дилема се распосла деновиве за тоа – кој повеќе е загрижен за работниците – сaмите работници и нивните синдикални организации, или премиерот Мицкоски. Најверојатно од жал дека се манипулира со работниците и нивното право на достоинствен живот, премиерот излезе со „своја понуда за синдикалната кошничка“. Па дилемата во јавноста е: Мицковата или Синдикалната кошничка. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти. Синдикалците од најрепрезентативната организација сметаат дека се оправдани нивните барања за зголемување на минималната плата и на сите останати плати и оти се потребни и други мерки од страна на Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните. Премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, пак, вели синдикалната кошничка е чудна, претерана и дека тоа не се „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница. Според Мицкоски се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ. Тој ги обвини поранешниот министер Тевдовски и Бранимир Јовановиќ како креатори на синдикалната кошничка дека ствараат забуна. Јовановиќ тоа експресно го демантираше. Мицкоски буквално рече дека се брка луксуз со синдикалната кошничка. Вели дека тој сега не пробал грозје, диња, праска, цреши… не пиел нескафе, не пушел цигари. Или во превод – нема што тука некои работници со минимална плата да се луксузираат и уживаат во рабои што ни еден премиер не може да си ги дозволи.
  2.  Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Северна Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а Џонсон Мети најавува намалување на бројот на вработени. Колку работници ќе останат на улица сè уште никој не се осмелува да претпостави. Нашиот премиер Мицкоски не го загрижува заминувањето на странските компании од Македонија, туку тој бил загрижен, внимавајте, дали ќе има доволно работна сила за предвидените инвестиции – „Јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање“, рече Премиерот.

ВО ЕДНО Ако Мицкоски не го загрижува тоа што со затворањето на фабриките илјадници семејства ќе останат без приход и на улица, ако на Премиерот на Нашата земја му е чудно работниците да јадат и да живеат како нормални луѓе, тогаш што го загрижува Мицкоски и што не му е чудно? Еве нам ни е многу чудно како со професорска плата Мицкоски станал косопственик на хидроцентрала. Многу ни е чудно, на пример, и како со таква плата поседува рачни часовници во вредност од над 60 илјади евра. На ДКСК ете тоа не им е чудно. Од друга страна, ако се земат овие работи во предвид и стајлингот (брендирана облека) на Мицкоски како репер, ич не траба да ни е чудно што на Мицкоски му се чудни нормални работи како барањата на работниците за повисоки плати за да може да си ги прехранат семејствата. Не знам што има пак сега да се чудиме што Мицкоски се чуди како може да јадат работниците овошје и зеленчук во зима и да пијат ни помалку ни повеќе туку нескафе и тоа цели лименки од 250мл. молам ви се лепо. Или, дека требало да биде загрижен Премиерот наш што ќе се затвораат фабрики и отпуштаат работници?!!

Ма, баш сме чудни што се чудиме!

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Јане Ѓорѓиоски кошничка Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.