Хаг: Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Бенјамин Нетанјаху и на лидерот на Хамас Јахја Синвар под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поради нападите врз Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, изјави главниот обвинител на судот Карим Кан за Си-Ен-Ен.
Кан рече дека МКС бара и налози за апсење на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, како и за двајца други водачи на Хамас – Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, водачот на бригадите Ал Касем и попознат како Мохамед Деиф и Исмаил Ханија, политички лидер на Хамас.