Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Млада пациентка во тешка здравствена состојба-кој ја кочи набавката на неопходниот лек

0
By Менче Атанасова Точи on August 7, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој ја кочи набавката на неопходниот лек за 21 годишната Флора Гаши и за уште двајца млади пациенти кои имаат редок тип на прогредирачка форма на Цистична фиброза, со мутација. Флора е хоспитализирана во тешка состојба, одвај дише и искашлува крв. Дали треба да се случи нешто што никој не го посакува, за надлежните да го набават лекот

Во тешка здравствена состојба е 21 годишната Флора Гаши, една од тројцата млади пациенти кои имаат прогредирачка форма на Цистична фиброза, со мутација и цели три години чекаат да го добијат неопходниот лек.

Таа во моментот е хоспитализирана на Клиниката за детски болести, тешко дише и искашлува крв. Флора е постојано приклучена на кислород, не може да се движи, може да оди одвај само десеттина чекори.

Оваа млада девојка веќе три години чека на лекот Калидеко(Ивакафлор)за кој светските искуства покажале дека е добар за лекување на посебен тип Цистична фиброза кај пациенти со мутација од 3-та класа(„gating“ мутации). Нејзината состојба станува критична и таа вели дека веќе секој месец е во болница по две до три недели, една недела е дома и повторно назад во болничката соба.

„Сега сум повторно во болница, имам болка кога дишам, искашлувам крв. Лекот го очекувам со нетрпение, се надевам дека ќе ми биде подобро со неопходната терапија. И јас сакам да живеам како другите, да студирам, да работам. Сакам да дишам полесно, да шетам, да можам да трчам. Некогаш плачам бидејќи не можам да работам“, вели за НОВА, 21 годишната Флора Гаши.

Оваа млада девојка ни раскажа дека нејзиниот белодробен капацитет е намален на само 19, некогаш 20,  до 21. Таа не може да се движи и дома, не може да излезе никаде, почесто е во болница отколку дома.

Флора и дома е на кислородна поддршка

Флора има завршено средно медицинско училиште, со многу изостанувања заради нејзината здравствена состојба. Вели дека и е тешко бидејќи не може да продолжи да студира, ниту да работи поради тешката здравствена состојба.

„Среќна сум кога ќе се разретчи одењето во болница, барем на три месеци да бидам хоспитализирана. Верувам дека лекот ќе ми помогне, ќе ми го смени животот, ќе ми овозможи подобро и поквалитетно да живеам“, вели Флора.

Како што веќе објави НОВА, ваков тип на ЦФ, со мутации имаат уште две девојки едната е дете на 12 годишна возраст, другата има 30 години. Сите три го чекаат лекот Калидеко кој во светот се употребува веќе осум години. Одбрен е од реномираната ФДА(Американска агенција за храна и лекови) и од ЕМА(Европска агенција за лекови) во 2012 година.

Во 2014 година препорачан е за уште девет мутации, меѓу кои и типот кој што го има Флора и уште двајца други пациенти кои се исто така во критична состојба. Лекарите велат дека можеби има и други пациенти со овој тип на мутација, но состојбата кај овие тројца млади пациенти, меѓу кои и едно дете е критична.

Ставовите на лекарите од Клиниката за детски болести и од Болницата за белодробни заболувања во Козле се обединети.

„Зад овој лек, зад овие препораки стојат највисоките светски инстититуции ФДА и ЕМА. Нашите ставови ги базираме врз основа на нивните препораки, а тие врз основа на студии кои се навистина ретки, бидејќи станува збор за ретка болест. Ние барања за одобрување на лекот сме праќале неколку пати во Комисијата за ретки болести“, велат лекарите од двете здравствени институции.

Од Министерството за здравство велат дека на барање на Клиниката за детски болести на 5 август,  Министерството има издадено согласност за набавка на лекот со генеричко име ivacaftor.

„Набавката на лекот ivacaftor, кој во моментов нема одобрение за ставање во промет во РСМ, треба да ја спроведе Клиниката за детски болести, пo добиена согласност и од страна на ФЗОРСМ.

Цената на секој лек се формира од страна на Министерството за здравство по добиено барање од страна на веледрогерија-носител на одобрението за увоз, која се јавува како увозник на лекот“, велат за НОВА, од Министерството за здравство.

Сепак, очигледно е дека процедурата за набавка на лекот тапка во место.

На 22 јули од ФЗО потврдија дека во договор со Министерството за здравство одобрени се финансиски средства за да се набави лекот. Но, веќе трета недела работите се „статус кво“, а состојбата на Флора е критична, како и на другите две деца.

Неофицијално, Фондот сега се премислува и повторно бара докази за издржаноста на лекот, дали тој ќе им помогне на пациентите. Стручните служби на ФЗО го доведуваат во прашање ставот на лекарите од двете здравствени институции кои се обединија дека лекот ја контролира прогресијата на болеста и влијае на квалитетот на животот.

Иако преходно од ФЗО најавија дека финансиски средства се одобрени, сега во неврзан разговор потенцираат дека одлуката сепак треба да помине на комисија.

Состојбата на 21 годишната Флора Гаши е доволен сигнал до надлежните да побрзаат, за да не се случи она што никој не го посакува. Токму затоа, Флора излезе јавно, за да им порача на надлежните да го набават непоходниот лек затоа што нема време за чекање.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.