Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите и нивната вклученост во медиумите

0
By Нова ТВ on March 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минатата недела во Кинотека на Македонија се оддржа настанот „Преку кул ми е!“, на тема вклученост на младите во медиумите. Младинскиот совет на Американската амбасада заедно со здружението Рацио, во склоп на серијата настани ‘’Let’s talk about’’ решија да позборуваат за исклученоста на младите од медиумите, медиумската писменост и како да се надминат овие проблеми.

Настанот го модерираше политикологот Сара Миленковска, па решив токму со неа да поразговарам на оваа тема.

– Јасно е дека имаме системски проблем во однос на образованието, додека зборуваме за медиумска писменост како дел од формалниот пристап ги нема основните услови во училиштата. Меѓутоа она што можев да го утврдам е дека постои силна волја и енергија тоа да биде променето, да се актуелизира темата и што значи во денешно време да се креираат критички настроени умови. Таа идејата доаѓа од доле нагоре, што е клучна за поставување на нови вредности во нашето општество. Ситуацијата со медиумите на глобално ниво е загрижувачка меѓутоа на младите останува да бидат конструктивни во изнаоѓање решенија, и доколку немаат простор тие самите да го креираат. Значајно ми е што видов и голема доза на посветеност а и со тоа надеж, за нови времиња – раскажува Миленковска за нејзините впечатоци од настанот.

 

Кога прави споредба каква била состојбата кога таа била средношколка и денес, Миленковска заклучува дека денешните генерации повеќе самите креираат нови форми на изразување, повеќе се самоиницијативни и автентични.

– Меѓутоа сега е поголема разликата меѓу оние кои се индиферентни и оние кои се проактивни. Едноставно политичките случувања имаат успеано да создаде аверзија кон општествената вклученост од страна на помладите. Дури тоа  им станува разумно, едноставно сметаат дека ќе се извалкаат доколку се вмешаат директно, за тој ефект самите не се виновни. Чувството на безнадежност не познава години. На настанот преовладуваше младата публика, сметам дека е значајно што ги подржуваат развитокот на овие дебати, бидејќи на крајот од денот тие се оние кои ќе треба да ги преземат работите во нивни раце. Иако сметам дека и мојата генерација страдаше поради квалитетот на образовнаниеето, сметам дека поновите генерации уште повеќе страдаат. Ефектот на тоа за жал ќе го приметиме многу подоцна и ќе влијае на целата држава. Затоа е клучно и кога ги отвараме овее дебатеи, дискусии, да повикуваме и на одговорност и на вистински промени. Бидејќи од правење работи про-форма нашето обазование изгледа така како што е. Треба да се комуницира подобро и најде заедништво при решавањето на сите проблеми – вели Миленковска.

На прашањето, колку сериозно се сфатени младите амбициозни луѓе кои сакаат да направат промена во општеството, Миленковска категорично одговара: „Николку“.

– Видете го самиот однос како медиумите известуваат за младите, и намерно не сакам да кажам за младинските теми иако постои разлика. Меѓутоа во нашата држава толку се искомплицирани работите, што буквално секој општествен проблем влијае врз квалитетот на твојот живот, особено на младите, знаете оние што секој ден се помалку ги има.

Имаме две сценарија, младите се сериозно сфатени додека тоа некому одговара. Младите носат промена, а кога таа ќе треба да се имплементира заеднички со сите структури, тогаш одеденаш постои неможност да се делува. Осносно, се повеќе почнувам да верувам дека постојат луѓе во Македонија кои одбиваат да се променат, бидејќи тоа би значело да бидат подобри верзии од себе, да постои еден мерит систем и на тој начин да се вреднуваат. Идеализмот кај младите одговара се додека тој е инструментализиран од нечија страна. Затоа е и клучна младинската освестеност и непокорност во оваа ситуација. За вториот случај кога младите се повторно сериозни, е кога се доволно послушни ќе бидат поставени на позции за кои немаат доволно искуство нити образование, тогаш во јавноста е полесно да се креира идејата дека нечија нефукционалност се должи на младоста – вели Миленковска.

Таа вели дека иако се случиле позитивни промени во однос на поставување на младите како релевантен фактор, смета дека тоа не треба да постои само додека популистички одоговара, туку ќе станат инкорпориран дел од едно општество. Потенцира: „Барем оние што останале“.

Миленковска апелира дека ако сакаме промени, треба да не ни значи како нас не вредуваат, туку самите да бидеме појдовната точка за нашето значење во општеството.

– Никој нема да ни каже дека сме значајни ако самите не веруваме во тоа – истакнува Миленковска.

На прашањето, дали се растегнува значењето на тоа што е „млад човек“ до возраст која не е баш млада со што се узурпира просторот за вистински младите да го најдат своето место под сонцето, Миленковска одговара:

– Се растегнува, наместо поконкретно да се дефинира. Меѓутоа не само од аспект на години туку и од аспект од услови. Младите веќе се маргинализирана група, исклученоста од политичкиот, социјалниот и економскиот живот, всушност и тоа значи. Узурпирањето доаѓа од затвореноста на цивилнот сектор, кој наместо повеќе да се проширува, се повеќе се бирократизира во своите процеси. Идејата е баш како млади луѓе да сме отворени и сплотени, а не да ги централизираме сите прашања на неколку организации. Меѓутоа тој проблем се протега низ целата држава, а не само за младинските прашања и политики. Ние си го имаме своето место под сонцето, само со опасност да звучам патетично, треба да ни текне дека сите под исто сонце се наоѓаме – заклучува Миленковска.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.