Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Ќе расте долгот на Владата, невработеноста бавно ќе се намалува

0
By Нова ТВ on April 9, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународниот монетраен фонд во последниот извештај за светската економија оценува дека во земјава и натаму ќе расте долгот на Владата, а невработеноста бавно ќе се намалува.

За годинава се предвидува долг на Владата од 35 отсто од домашниот бруто производ (БДП), со тенденција на натамошен раст.

Така во 2018 година долгот ќе достигне скоро 49 отсто од БДП.

ММФ прави проекции и за стапката на невработеност во земјава. Според нив, годинава Македонија ќе ја заврши со стапка на невработеност од близу 29 отсто, а во 2015 таа треба да се намали на 28 проценти.

Во 2018 година, пак, стапката на невработени треба да изнесува 25,9 отсто. Земјава, според последната прогноза на ММФ, ќе оствари раст од 3,2 отсто.

Наредната година се очекува раст од 3,4 отсто, а во 2019 година земјава би забележала раст од 4 отсто.

Од земјите од регионот, Косово ќе има највисока стапка на економски раст и таа оваа година би требало да изнесува 3,9 отсто.

Според аналитичарите на ММФ годинава на глобално ниво се очекува раст на светската економија од 3,6%, при што позитивни стапки се очекува за моќните развиени економии. Еврозоната, по ланската рецесија од -0,5 сега се очекува да влезе во позитивна зона со стапка на раст од 1,2%.

„Глобалното закрепнување се очекува да зајакне, предводено од развиените економии. Растот на новите пазари и економии во развој да има поскромен придонес. За напредните економии се предвидува подобра перспектива, сепак важно е да се напомене дека ризиците остануваат, а тие се препознаваат во сеуште присутното општо забавување на новите пазари како и во пониските стапки на инфлација во однос на очекуваните во развиените економии. Дел од ризиците се лоцираат и во нецелосните реформи како и во зголемувањето на геополитичките тензии“ – пишува во извештајот на ММФ и се додава:

“Загрижувачкиот развој навестува надолни стапки на раст во некои од брзорастечките економии како Русија, Бразил , Јужна Африка и Турција кој се должи на внатрешните политички слабости, построгите внатрешни и надворешни услови“.

Годинава и догодина според ММФ, невработеноста ќе се намалува во еврозоната и во водечките светски економии Америка, Велика Британија и Јапонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.