Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ: Од суштинска важност е да се зачува независноста на Народната банка

0
By Нова ТВ on November 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со оглед на клучното значење на капацитетот на НБРСМ да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем, од суштинска важност е да се зачува независноста на НБРСМ. Ова ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, коишто се круцијални предуслови за одржлив раст.

Ова го истакна шефицата на Mисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Баркбу, во изјавата по годишните редовни состаноци коишто се одржаа видеоконференциски, во периодот од 9 до 18 ноември. На состаноците се разгледаа најновите случувања во економскиот и во финансискиот сектор, како и економските изгледи.

„Релаксираната монетарна политика е соодветна и НБРСМ е подготвена да дејствува соодветно за да го заштити де-факто фиксниот курс на денарот.“ – оценува Баркбу.

Во изјавата, меѓу другото, таа истакнува и дека според оцените на Mисијата на ММФ, вкупниот банкарски систем и понатаму е добро капитализиран и профитабилен.

„Од голема важност е да се одржат строги правила за класификација на кредитната изложеност и за издвојување резервации за кредитите, со цел да се осигура дека банките имаат доволно резерви за покривање на потенцијалните загуби. Банките би требало да се охрабрат да се воздржат од дискреционо исплаќање дивиденди и од откуп на сопствени акции.“ – порачува шефицата на ММФ.

Во согласност со ваквите видувања се и препораките и активностите што НБРСМ како регулатор ги презеде во изминатиот период.

Инаку, во изјавата е истакната и оцената на Mисијата на ММФ, дека навремените мерки  преземени од НБРСМ и од Владата одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на пандемијата.

Од Mисијата на ММФ истакнуваат дека се очекува економската активност да закрепне во текот на следната година, но дека вториот бран на пандемијата претставува ризик за интензитетот на закрепнувањето. Истовремено е нагласено дека надминувањето на здравствената криза и понатаму е врвен приоритет и дека ќе биде од суштинско значење за заштитата на луѓето и економијата.

Според оцените на Mисијата на ММФ, соопштени во изјавата на Баркбу, потребно е и натаму да се одржува релаксирана монетарна политика сѐ додека процесот на закрепнување е во тек. Истовремено е напоменато дека издвојувањето на соодветни резервации за потенцијални загуби на банките останува од клучно значење. Во согласност со тоа се и оцените и препораките на НБРСМ.

Во периодот од 9 до 18 ноември, Mисијата на ММФ предводена од Берглјот Баркбу одржа и низа состаноци со експертските тимови на НБРСМ, како и завршен состанок со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и севкупното раководство на НБРСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.