Меѓународниот монетарен фонд во најновиот изештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од 3 во априлската прогноза, на 3,2 проценти.
За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто.
Од земјите во регинот годинава најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто, 3,5 отсто Србија, три отсто Црна Гора, Албанија и Хрватска.
За наредната година се предвидува раст од четири отсто во Косово и Албанија, 3,5 во Србија, 2,7 во Хрватска, 2,5 во Црна Гора.
До 2024 годинаво во регионот растот ќе достигне до четири отсто во Србија, Албанија и Косово, БиХ три отсто, Црна Гора 2,9 и Хрватска два отсто.
ММФ ја намали прогнозата за растот на светската економија на три отсто, што е 0,2 процентни поени пониска од последната априлска прогноза.

