Во петок, 17 и сабота 18 јануари, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведена популарната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф.
„Кармина Бурана“ е најпосетената претстава во минатата година на сцената на МОБ и со право ја нарекуваат „кантата на XX век“.
Кантата „Кармина Бурана“ е во кореографија и либрето на Кан Арслан (Турција), диригент е Бисера Чадловска, оперски солисти се: Наде Талевска (17.01), Катерина Стојановска (18.01), Цветан Стојановски и Дејан Стоев, балетски солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Наташа Јосифовска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски.
Настапуваат балетскиот ансамбл, хорот и оркестарот на МОБ.