Компанијата „Модерна“ соопшти дека ќе ќе повлече 764.900 дози на својата вакцина против ковид-19 што ги произведе фабриката Рови, бидејќи било утврдено дека една од нив е контаминирана.
„Не утврдивме никакви сигурносни проблеми“, наведоа од „Модерна“ и додадоа дека контаминација била утврдена само во едно шишенце, но поради претпазливост е повлечена цела серија. Во соопштението на компанијата не е наведено за каква контаминација станува збор, но посочено е дека серијата е дистрбуирана во Португалија, Шпанија, Полска, Норвешка и Шведска.
Јапонските власти во минатата година ја прекинаа употребата на некои серии на вакцината против коронавирус на „Модерна“, откако во одреден број на шишенца е утврдена контаминација. „Модерна“ подоцна ја повлече таа серија од пазарот, пишува „Ројтерс“.
Досега во светот се аплицирани над 900 милиони дози од вакцината на „Модерна“.