Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Модуларните болници – нужно решение за да се избегне италијанско сценарио

0
By НОВА ТВ Balaban on September 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
„Направивме 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци. Благодарение на тоа, имаше каде да сместуваме пациенти. Алтернатива на тоа е италијанското сценарио, луѓето да бидат заглавени во возилата за итна помош пред болниците, да нема каде да се сместат. Едноставно, да не можеме да им пружиме соодветна помош“, изјави Филипче, додавајќи дека ова е начин на кој се менаџира пандемијата и концепт прифатен во целиот свет.
Моделот на модуларни болници е модел без којшто не само нашата држава, туку ниту една земја немаше да може да ја менаџира кризата, изјави министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања за неопходноста од модуларните болници, информираат од  Министерството за здравство.  
Тој истакна дека за време на пандемија, кога најмногу се потребни болнички кревети, не постои друг начин да се прошират болничките капацитети за толку краток период.
„Направивме 700 болнички кревети за помалку од 2 месеци. Благодарение на тоа, имаше каде да сместуваме пациенти. Алтернатива на тоа е италијанското сценарио, луѓето да бидат заглавени во возилата за итна помош пред болниците, да нема каде да се сместат. Едноставно, да не можеме да им пружиме соодветна помош“, изјави Филипче, додавајќи дека ова е начин на кој се менаџира пандемијата и концепт прифатен во целиот свет.
„И сега, и за време на претходните бранови има огромен број на пациенти коишто се лекуваат во модуларните болници“, додаде тој, нагласувајќи дека во периодот кога имаше над 1700 хоспитализации дневно, половина од пациентите се лекувале токму во модуларните болници.
Во однос на безбедноста и начинот на работа во овие болници, Филипче беше дециден дека Министерството добило потврда за исправност на сите инсталации, струја и канализациона мрежа во модуларните болници, како и потврда дека целиот персонал ангажиран во нив делува согласно издаденото упатство за работа.
Најголем дел од пациентите се хоспитализираа токму во модуларните болници
За улогата на модуларните болници и неопходноста од нивно отварање, говорат и податоците за големиот број на заразени со корона, особено за време на третиот и четвртиот бран, и потребата овие болни да бидат хоспитализирани на дневна основа, од една страна, и бројот на кревети во јавното здравство, од друга страна.
 
Сето тоа ја наметна потребата да се организираат и модуларни болници, коишто беа воспоставени и опстојуваа и во поразвиени здравствени системи.
За време на третиот и четвртиот бран се случуваше бројот на хоспитализирани да достигне над околу 1800 пациенти, ако не беа овие помошни инфективни одделенија, пациентите немаше каде да се хоспитализираат. 
Во време на третиот бран најголем притисок имаше во средината на април  годинава, кога во болниците бројот на пациeнти се движеше над 1700 и достигна до 1789 најголем дел од пациентите беа примени токму во модуларните болници. Во тој период 1.112 пациенти се лекувале на  инфективните одделенија само во градовите каде има модуларни болници, плус хоспитализации во другите ковид центри во државата.
На Инфективна клиника плус 70 кревети, во КБ Битола уште 90, во Струмица имало само 25 кревети за ковид пациенти 
Во време на четвртиот бран, на почетокот од септември бележиме најголем притисок во болниците и тоа до 1.125 хоспитализирани пацинети.
Со модуларните болници, се зголеми бројот на болнички легла – Капацитетот на  Инфективната клиника, која од првиот ден на пандемија лекува пациенти со ковид, се зголеми за 70 кревети, Клиничката болница во Битола за 90 кревети.
Додека пак Општата болница Струмица имала само 25 кревети за лекување пациeнти со ковид, па во најголемиот ковид-бран беа приспособувани хируршки амбуланти за дополнителни кревети. Таму со модуларната болница се добија плус 35 легла за болничко лекување, а Клиничката болница Штип, која располагаше со 50 до 55 болнички кревети, со модуларната болница доби плус 47 кревети.
А кумановската општа болница од 18 кревети за лекување ковид пациенти, со модуларната болница доби плус 40 кревети. Со модуларните ковид центри се добија плус 700 болнички кревети, се овозможи болниците да не ги затвораат другите болнички оддели, така што и останатите пациeнти да добиваат редовни здравствени услуги.
Љ.Б.
италијанско сценарио модуларни болници Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.