Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОФ: Екстерното да се прогласи за пробно

0
By Нова ТВ on June 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младински образовен форум (МОФ) денеска упати апел до институциите да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пробно, да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите и да работат на негово подобрување.

Според анализата на МОФ, екстерното тестирање е спроведено со сериозни технички пропусти, законски недоследности и прекршувања, како и промашувања во поставувањето на целите на екстерното оценување.

„Беше пробиен рокот за објавување на предметите за полагање. Учениците ги дознаа предметите за кои треба да полагаат 4 дена пред полагањето, наместо законски предвидени 7 дена. Дополнително, законот беше прекршен и со одложување на полагањето за неколку часа, па дури и за следниот ден, заради падови на компјутерскиот систем. Ова се коси со законски предвидениот рок за одложување на полагањето од максимум половина час. Ваквите пропусти создадоа тензија и стрес кај учениците, што резултираше со пад на концентрација, замор и страв“, истакна претседателката на Младински образовен форум, Дона Костуранова.

Според Антонио Даниловски од МОФ, учениците и професорите сведочеле за низа технички пропусти при спроведување на екстерното тестирање, кои потоа може сериозно да влијаат врз оценката.

„Забележано беше паѓање на системот за полагање, слики кои не се отвараат на прашањата, прашања кои се повторуваат во тестот, прашања кои не се на мајчин јазик, се поставувале и прашања од лекции кои не им биле предавани на учениците а исто така имало и премногу прашања кои треба да се одговорат за кратко време“, вели Даниловски.

Од МОФ порачаа дека ваквото екстерно оценување може само да ги уплаши професорите и учениците, наспроти зацртаната цел да ја утврди објективноста на оценувањето и наспроти посакуваната цел да го унапреди образовниот процес .

„Наместо подобро знаење за учениците, ваквото есктерно оценување фаворизира средни оценки од професорите за учениците, како би се избегнала веројатноста за големи отстапувања од годишните оценки. Дополнително, се отвора прашањето дали професорот чии ученици објективно се оценети со „доволен“ и „добар“ заслужуваат да бидат наградени или пак неопходно е унпредување на нивната работа со цел учениците да добијат подобро знаење?“, велат оттаму.

Младински образовен форум ги повика Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да го прогласат и третираат ова оценување како пробно, по што инситуциите ќе имаат можност да извршат корекции и унапредување на поставените цели, системот на спроведување и техничките ресурси, со цел да се подобри образовниот процес и да се унапредат знаењата и перформансите кај учениците и професорите.

Денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека очекува родителите и учениците да се обратат до Државниот испитен центар за сите забелешки кои ги имаат за екстерното оценување.

„Сериозно ќе ги разгледаме забелешките и доколку констатираме дека се реални и навистина создале проблем во решавањето на тестовите кај децата можно е истите да бидат предмет на дополнителна анализа. Нашата интенција е догодина тоа да биде многу побрзо и потранспарентно и е една од фазите која ќе биде преземена во насока на корекција на она што беа забелешки од досегашната имплементација на екстерното тестирање“, рече Ристовски и додаде дека ако се констатира дека прашањата не се дел од наставна програма, автоматски може да се дисквалификуваат од вкупниот број на прашања кои се предмет на екстерното тестирање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.