Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини ќе побара од балканските лидери да престанат со национализам

0
By Светлана Јовановска on May 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека шестмината балкански премиери се на пат за Брисел, шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини испрати  порака до нив за да им каже дека со нив ќе разговара за иднината на сорабоката помеѓу регионот и ЕУ.

Могерини ги покани на неформална вечера нашиот мандатар Зоран Заев и премиерите на Србија Александар Вучиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Иса Мустафа и на Босна и Херцеговина Дениз Звиздиќ.

“Ги видовме последните настани, некои тешкотии но и некои добри чекори па оттука добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина. Верувам дека ова е одлична можност за градење подобро регионално разбирање “, изјави Могерини денес.

ЕУ се загрижена поради порастот на националистичкиот говор на Балканот, особено кога тој доаѓа од високи политичари. Па така една главните причини за оваа покана е како балканските лидери да најдат начин и да научат дека не треба да разменуваат националистички пораки.

“Во последните настани имаше некои тешкотии но и некои добри чекори па оттука добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина. Верувам дека ова е одлична можност за градење подобро регионално разбирање”, рече таа.

Могерини подвлече дека Балканот е клучен регион за ЕУ но и дека Балканот е европски регион па оттука треба да се зајакне нивната перспектива за влез во ЕУ:

“Западниот Балкан е клучен регион за ЕУ пред се поради безбедноста, превенција на радикализацијата, област во која имаме добра соработка, поради менаџирањето на бегалците и границите. Јас често велам дека не треба да зборуваме за перспективата на овие земји за влез во Европа бидејќи тие се во Европа. Треба да зборуваме за перспективата за нивни влез во ЕУ и токму тоа е тема на денешната вечера. Ги поканив премиерите и мандатарот од шест земји од Балканот за да ја споделиме актуелната состојба во регионот и патот напред, како ЕУ да ги зајакне можностите и перспективите за добрососедски односи во регионот, како да се зајакне соработката помеѓу нив и со ЕУ и како да се зајакне трансформативната сила на ЕУ со цел да се развие инклузивно општество и владеење и жива економија. Мојата заложба и заложбата на комесарот Хан но и на тројцата претседатели – Туск, Јункер и Тајани (претседателите на Совет на ЕУ, Европска комисија и Европски парламент) – за тесна соработка со сите шест земји.”

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.