Комисијата за хартии од вредност соопшти дека на последната седница на на брокерската куќа „Мој брокер” АД Скопје трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност.
Одземањето на дозволата за работа е поради донесена на барање на самата брокерска куќа, откако Собранието на акционери на „Мој брокер” АД Скопје донело одлука со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност.
Со трајното одземање на дозволата за работа на “Мој брокер” АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што КХВ ќе поведе постапка пред надлежниот суд, се вели во соопштението.

