НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молат за срце-донори нема

0
By Менче Атанасова Точи on February 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во државата не постои Национална кампања за подигнување на свеста за донирање на органи, а 23 пациенти чекаат на трансплантација на срце. Не постои можност пресадување да се направи во странство, а тука иако се подготвува системот-органи нема

Не постои можност пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце тоа да го направат во странство, а пресадување на срце во државата се уште не се врши. Националните системи се конципирани на тој начин што предност во трансплантацијата имаат само државјаните на земјите во кои таква  програма постои.  Истото важи и за членките на Еуротрансплант, а за да нашата држава се приближи до членство мора да исполни повеќе услови, велат  од Канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација во Министерството за здравство.

Во моментот во државата има 23 пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце.

 „Без рамноправно членство не можете да очекувате да добиете орган или да ставите пациент на листа за трансплантација на некоја од членките. Она што ние можеме во овој дел да направиме и  на што работиме е склучување на билатерален договор т.н Teaching and training со Хрватска евенутално и Словенија кој ќе ни обозможи мониторинг и помош од нивна страна да бидеме поуспешни во делот на трансплантацијата и на некој начин во иднина да ни ги отвори вратите кон Еуротрансплнат“, велат за НОВА од Канцеларијата на Националниот координатор за трансплантација во Министерството за здравство.

За пациентите кои имаат потреба од ново срце, за првпат се отвара можноста тоа да се направи во државата и тоа исклучиво во јавно здравство.

Во ресорното министертво велат дека годинава за прв пат трансплантацијата на срце е вклучена во Програмата  за трансплантација  за 2020 година, а предвиден е и буџет за нејзина  реализација. Се изработува софтверот, во тек е подготовка на Националната листа за трансплантација за срце по одредени параметри на која во моментов се наоѓаат сите 23 пациенти од три медицински центри во државата( Универзитетска клиника за кардиохирургија, Клиничка болница Аџибадем Систина и Жан Митрев  Клиника).

И додека ситемот се подготвува донори нема. Упатените во проблематиката велат дека и покрај тоа што не се финализирани работите, се уште не се поставени сите болнички координатори,  во секој момент може да се направи трансплантацијата, но органи (срце) нема. Во Министерството за здравство воопшто не се почнало со кампања за да се подигне свеста на граѓаните за донирање на органи, чин со кој може да се спасат многу животи.

И наместо да се работи на тоа поле, се гаснат пожари, односно се интервенира со вградување на пумпи или со вештачко срце кои чинат многу поскапо од самата трансплантација.  Според офоцијалните податоци на ФЗОМ, на пример, ТАХ(вештачко срце, сложена операција од која преживаа само еден пациент од тројцата на кои им беше направена),  чини 250 000 евра, а БИВАД(двострана пумпа на срцето) поединечна цена на секоја пумпа е 285 000 евра. Цената на трансплантација на срце во свет се движи од 85 000 до 90 000 евра.

Вештачко срце

Токму за да се слушне за луѓето кои им е неопходно ново срце и да се актуелизира потребата од донирање на органи(срце), во ПРОЦЕС зборуваа 41 годишниот Исмет Хаџиу кој една година живее без срце, а во градите му чука вештачко срце, (од пластика) кое е времена замена за срце. Тој е единствениот жив пациент на кого му е направена оваа сложена операција пред една година, тука во државата во приватната болница на Жан Митрев. Живее приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми и чека да се отвори можноста за трансплантација на срце. Чукањето на машината е присутно постојано, кога спие, се движи, се бања. Се слуша постојано и додека го водевме разговорот во студиото на НОВА.

За својот проблем зборува и 31 годишниот Кристијан Неделковски кој е првиот пациент на кој пред 8 години му се вградени две пумпи во Берлин. Овие пумпи се повеќе од предвиденото во организмот на Кристијан, заради што е потребно ново срце.

На овие двајца млади луѓе, им е неопходна трансплантација на срце, за што во моментот очигледно се уште не се создадени услови бидејќи донори нема. Тие направија напор и дојдоа во студиото на НОВА, да проговорат како е да се живее без срце, со поддршка на овие апарати, кои имаат ограничен рок на траење, за стравот низ кој поминуваат доколку откаже апаратот, за трансплантацијата која им е итна и неопходна.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.