Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молк во Антикорупциска за отфрлањето на Извештајот на Европската комисија

0
By Влатко Чаловски on November 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) минатата недела испратила забелешки и несогласување со Европската комисија за последниот Извештај за напредокот на Македонија кој констатира дека нема никаков напредок во однос на корупцијата, која останува “широко распространета“.

Забелешките на Антикорупциската комисија до ЕК за Извештајот се однесуваат на две оспорувања: дека тој не е објективен и не ја покажал нејзината вистинска работа.

Антикорупциската комисија беше недостапна за одговори на прашања на НОВА во однос на нивните забелешки до Европската комисија, кои за НОВА ги потврдија и од Канцеларијата на ЕУ во Македонија за НОВА.

Оттаму велат забелешките не можат да бидат објавени во медиумите, бидејќи се на разгледување, но дека ова е прв пат да добијат еден вид “претставка“ за работата на Европската комисија.

Во меѓувреме, претседателот на Државната комисија за спречување криминал, Горан Миленков во краток телефонски разговор со НОВА не сакаше да ги образложи аргументите на Комисијата.

„Извинете не можам да зборувам“, беше одговорот на Миленков пред да ја спушти телефонската слушалка при претставувањето на НОВА, во кој сакавме да ги слушнеме аргументите од првиот човек на Антикорупциска за забелешките на европската институција, односно зошто сметаат дека Извештајот е пристрасен во однос на нивното работење.
Одговор нема и по елетронски пат иако е испратено барање за писмено објаснување веднаш по разговорот со Миленков.

Според политичкиот аналитичар Сашо Ордановски, кој е член на Транспарентност Македонија, токму нефункционирањето на ДКСК придонесува за состојбата во која се наоѓа земјава.

– Мислам дека членовите на Антикорупциска комисија треба да бидат уапсени заради невршење на функцијата. Нивното нефункционирање всушност придонесува за состојбата во која се наоѓаме што по што треба да одговараат по Кривичен законик. Антикорупциска може да реагира и да приговара и за временската прогноза, но тоа е толку неважно тело што мислам дека сериозно и нема да им забележат, вели Ордановски за НОВА.

Претседателката на Транспаренси Интернешнал пак, Слаѓана Тасева вели наместо да се испраќаат преписки до Комисисијата, ДКСК треба да поработи на препораките од Извештајот, кои се основаат на добра аргументација.

– Мислам дека повеќе време и енергија треба да потрошат да одговорат на препораките кои ги содржи Извештајот на Европската комисија. Се она што го содржи Извештајот е добро засновано и аргументирано што мислам дека наместо да наоѓа забелешки, Антикорупциска треба да размисли за својата стратегија. Де факто, состојбите се правилно нотирани во Извештајот и ова е еден од ретките реални извештаи на Европската Комисија според мене, вели Тасева.

Пораките во Извештајот велат дека нема напредок изминатата година за претходно идентификуваните проблеми, а корупцијата останува широко распространета.

– Адресирањето на овие проблеми е нарушено со недоволната политичка волја и политичкото вмешување во работата на релевантните тела, со што им се наштетува на нивната способност да работат активно и неселективно, особено за високопрофилните случаи.

Земјата во следната година особено треба да внимава на: покажување на реална политичка волја во борбата против корупцијата во форма на автономни и ефективни мерки… особено од Државната комисија за спречување корупција, да се зголеми видливоста на анти-коруптивните мерки и постигнатите резултати, да се подобри статистиката во борбата против корупцијата на високо ниво, да се креира ефективна рамка за заштита на „свиркачите (дојавувачите)“ врз база на европските стандарди, се вели во Извештајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.