Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

0
By Ана Василевска on December 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука (МОН) смета дека е непотребно мешањето на политиката во случајот во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка каде дел од родителите на учениците поддржани од жителите и  наставниците ја бојкотираат наставата и бараат МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик.

-МОН се заложува за овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, затоа што тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен. Во посоченото училиште во Чашка е постапено согласно барањата на дел од жителите во населеното место и имајќи предвид дека сите останати услови се исполнети, а најважно е што постојат и просторни услови, како и обезбедени се средства од Министерството за финансии, се отвори паралелка на албански наставен јазик, велат од МОН.

Нагласуваат дека е непотребно мешањето на политиката во овој и слични случаи, затоа што, како што посочуваат, со тоа се наштетува на најдобрите интереси на младите – а тоа е да имаат квалитетно образование достапно на својот мајчин јазик.

Во Полициската станица во Велес, пак, вчера во 13:30 часот, в.д директорката на ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка, Елена Николова (53), пријавила дека утрото пред влезот на училиштето каде се одржувал јавен собир на група на граѓани, била физички нападната од едно лице.

Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку веќе четврта недела родителите на учениците поддржани од жителите и  наставниците ја бојкотираат наставата, а децата седат дома. Тие имаат единствено барање до МОН да ја укине новоформираната паралелка на албански наставен јазик, а четирите првачиња да се вратат на настава со своите другарчиња Македонци со кои учеа заедно од 1 септември. Се жалат дека директорката Николова одбива да разговара со нив, а тие не и дозволиле да влезе во училиштето, информираат за МИА од Советот на родители.

Како што појасни Цвета Пешовска родител и член на Советот на родители, директорката Николова сепак во два-три наврати од родителите била пуштена во училишната зграда. Според Пешовска, директорката и самата влегувала во училишната зграда уште рано во 5 часот наутро, пред во дворот да дојдат родителите на мирен протест.
В.д директорката Елена Николова  денеска не се појавиле во дворот на училиштето, информираат од Советот на родители.

МОН општина Чашка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.