Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мониторинг на медиуми: Изразена политизација на пописот

0
By Нова ТВ on April 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60,5 отсто од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22,2 отсто. Овие бројки ја потврдуваат изразената политизација на пописот во медиумите која прогресираше од недела во недела, за својата кулминација да ја достигне во деновите по лидерската средба (29 март – 2 април), кога се очекуваше Собранието да ги изгласа измените на законот и да го одложи пописот за септември годинава.

Ова го посочуваат резултатите од мониторингот спроведен од НВО Инфоцентарот, во периодот од 15 март до 2 април (во работни денови, понеделник – петок), за известувањето на медиумите за Пописот 2021, во кој биле вклучени девет медиуми: четири информативни портали (Плусинфо, Фронтлајн, Курир и 360 Степени) и централните вести на пет национални телевизии, вклучително и јавниот радиодифузен сервис – МРТ1, Телма, Сител, Алфа и Аласт М (вестите на македонски јазик).

Главната цел на мониторингот, како што посочуваат од НВО Инфоцентар, е следење на начинот на кој медиумите известуваат за пописот и како тоа влијае врз информираноста на граѓаните и нивното учествување во пописниот процес. Мониторингот треба да утврди дали граѓаните се квалитетно и сеопфатно информирани за пописот и какво влијание врз пописот имаат институциите и политичките субјекти во државата.

Меѓу клучните наоди од извештајот се и дека Државниот завод за статистика (ДЗС), институција законски надлежна за подготовка и спроведување на пописот, како извор на информации била застапен во само 22 отсто од вкупниот број анализирани медиумски содржини.

– Нискиот процент на користење на ДЗС како извор на информации претставува јасен индикатор за уредничкиот приод, кој од една страна, ги маргинализира службените информации за пописот, а од друга страна, става поголем акцент на политичко/ партиските влијанија и импликации врз пописниот процес, се наведува во извештајот.

Меѓу доминатните теми и аспекти поврзани со Пописот 2021 е и зголемувањето на бројот на позитивни случаи од коронавирусот во државава, во периодот на подготовки за пописот, кое, се наведува, го наметна клучното прашање – дали и колку теренското попишување ќе биде безбедно од здравствен аспект, како за граѓаните, така и за попишувачите. При тоа се посочува дека постепено се развија два клучни, но спротивставени наративи: (а) Одржувањето на пописот е безбедно за попишувачите и граѓаните, застапуван од власта и институциите вклучени во изведувањето на пописот, и (б) Пописот е сериозен здравствен ризик, стојалиште на опозициските политички субјекти и на дел од граѓанските иницијативи за бојкот на пописот.

Втората клучна тема, како што се посочува, беше пописот на дијаспората кој започна на 1 март. Воедно се додава дека во дел од мониторираните медиуми наклонети кон опозицијата, се развиваше наративот дека „албанските политичари многу поактивно ги мотивираат етничките Албанци од дијаспората да се вклучат во онлајн попишувањето“, за разлика од етничките Македонци во власта.

Во делот на медиумската поддршка за одржување на пописот, забележителна присутност имаше и наративот дека „пописот е статистичка операција од јавен интерес која не треба да се политизира, стои во мониторинг извештајот од НВО Инфоцентар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.