Монструозно убиство се случи синоќа во Зрењанин, 46-годишна жена, со нож го избодeла нејзиниот сопруг С.П. (42), а потоа го исекла со моторна пила. Таа прво го заспала, го заклала со нож, а потоа го исекла со моторна пила по нозете. Тоа се случило додека нејзината ќерка била во куќата, јавуваат српските медиуми.
Убиениот пред неколку години бил во затвор поради семејно насилство.
На Т.П. ѝ е одредена мерка притвор до 48 часа и таа, по поднесена кривична пријава, ќе биде спроведена во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.