Најмалку 12 шерпаси водичи, според информациите на агенциите, загинале од лавина. Министерството за туризам во Катманду соопшти дека седум шерпаси од снегот се извлечени со тешки повреди. Повеќе лица се уште се водат како исчезнати. Агенцијата Франс прес јави дека има 14 загинати шерпаси.
Лавината, според Непалскиот планинарски сојуз, тргнала на височина од 5800 метри.
Шерпасите имале намера таму да препарираат рута за искачување, пред почетокот на сезоната на искачување на врвот.
Монт Еверест е висок 8. 848 метри. Годишно стотици алпинисти се обидуваат да се искачат на неговиот врв, односно како што се вели на „покривот на светот“. Досега во таквите обиди живото го имаат загубено околу 300 алпинисти.
Извор: Дојче веле на македонски