Јавните обвинители во Египет го обвинија соборениот претседател Мохамед Морси за оддавање на државни тајни до Иран, на второто сослушување од судскиот процес. Според обвинителите, Морси имал за цел да го дестабилизира Египет.
Морси заедно со 35 други, меѓу кои и лидери од Муслиманското братство, се обвинети за соработување со странски сили, палестинската група Хамас и Иран.
Сепак, во изјавата во судот, не се споменува името на странската држава.
Според обвинителите, Морси и другите обвинети, креирале различни активности во име на Муслиманското братство и Хамас, со цел „извршување на терористички напади во земјата како би се предизвикал хаос и државен удар“ од 2005 година до август 2013.