Соборениот претседател на Египет, Мохамед Морси ќе се соочи со обвиненија за „заговор со странски групи“ со цел „терористички дејствија“, јавува Ројтерс.
Морси, кој беше соборен од страна на војската во јули, веќе се соочува со судовите за наводна вмешаност во убиства на про-опозициските демонстранти, a обвинет е и за оддавање тајни кон странска земја.
Досега неколку пати дојде до ескалација на протестите на кои се судрија про-владините и демонстрантите кои го поддржуваат соборениот Морси.
Тој воедно е првиот демократски избран шеф на државата во историјата на Египет.