Московската берза утре делумно повторно ќе се отвори за тргување со руски акции, објави денеска Централната банка на Русија.
Централната банка на Русија соопшти дека тргувањето со 33 акции ќе продолжи на 24 март меѓу 9:50 и 14 часот по локално време. Руските акции на кои им е дозволено да продолжат со тргувањето вклучуваат големи компании како Гаспром, Лукоил, ВТБ банка, Сбербанк, Русал и Роснефт.
„Работното време на Московската берза за следните денови ќе биде објавено подоцна на официјалната веб-страница на Банката на Русија“, се додава во соопштението.
Берзата е затворена речиси еден месец по големиот пад на акциите поради руската инвазија на Украина. Тргувањето е прекинато од 28 февруари.