Москва и Киев не постигнаа договор за намалување на цената на рускиот гас и приклучувањето на Украина кон царинската унија која ја предводи Русија. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјавил дека Путин и Виктор Јанукович вчера во Сочи разговарале за соработка во областа на енергетиката.
„Не е постигнат никаков конечен договор“ – рекол Песков, пренесува Ројтерс.
Поедини украински медиуми известија дека двајцата лидери разговарале за руската понуда да и обезбеди на Украина најмалку 12 милијарди доалри заем и гас по поволна цена, доколку Киев остане при одлуката да не потпише договор за приклучување кон ЕУ, наведува АП.