Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва не го коментира тврдењето дека Путин сакал да ја подели Украина со Полска

0
By Нова ТВ on October 21, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Официјална Москва денеска одби да го коментира интервјуто на претседателот на полскиот Парламент, Радослав Сикорски за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин предлагал Русија и Полска да ја поделат територијата на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во изјава за еден руски весник не го спомена интервјуто на Сикорски, но рече дека „многу бесмислени изјави кружат наоколу“.

Сикорски, кој е поранешен министер за надворешни работи на Полска, во интервју за американскиот интернет весник „Политико“ рече дека во 2008 година, Путин нудел поделба на Украина.

Според полискиот политичар, на средба пред шест години рускиот претседател го уверувал тогашниот полски премиер Доналд Туск дека Украина во основа е „вештачка држава“.

– Лвов е историски полски град, па тогаш зашто ние заеднички не би го средиле тоа, наводно му рекол Путин на Туск.

Тогашниот шеф на полската дипломатија, Сикорски за „Политико“ вели дека таквата понуда била веднаш отфрлена од полска страна.

– Сосема јасно рековме, дека не сакаме да имаме ништо со тоа, вели Сикорски, пренесувајќи ја тогашната полска реакција во разговорите со Владимир Путин.

Доналд Туск поднесе оставка на премиерската функција откако беше назначен за нов претседател на Европскиот совет на местото на сегашниот Херман ван Ромпуј и од почетокот на идниот месец ќе се пресели во Брисел.

Сикорски и самиот имаше европски амбиции и неговото име се споменуваше како еден од „сериозните кандидати“ за нов висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, но откако не доби поддршка кај европските сојузници, се повлече од кандидатурата.

Во изјава за полските медиуми по повод интервјуто во „Политико“, Сикорски не го демантира она што го кажал, но вели дека неговите зборови се „прешироко интерпретрирани“ без да има дополнителна елаборација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.